fbpx

Средношколците од утре продолжуваат со бојкотот, го повикаа Адеми да ги посети

-

Средношколците денеска се вратија во училиштата да го ресетираат бројот од 25 дена дозволено отсуство, а од утре повторно продолжуваат со бојкотот на наставата. Тие го повикаа министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, да ги посети и да оствари средба со нив за да постигнат компромис бидејќи, како што велат средношколците, се случуваат настани кои можат да им ја загрозат безбедноста.

– Го повикуваме Адеми да се симне и да нè посети во средношколскиот камп и да се договориме за средба затоа што на претходните средби не беше постигнат компромис. На тие средби беше договорено да се врати стариот концепт за полагање државна матура, меѓутоа само за оваа година, што ние не го прифаќаме поради тоа што и останатите генерации бојкотираат и не можат на нив да им го направат тоа што ни го направија нам. Исто така, есктерното тестирање не беше земено предвид, а тие излегоа со изјава дека е постигнат компромис иако и самите потоа изјавија дека есктерното тестирање има грешки, односно дека има недостатоци кои треба да се поправат. Доколку и самите се свесни за тоа, дефинитивно треба да направиме нешто за тоа веднаш да го промениме бидејќи образованието е процес во кој не смееме да дозволиме да има недостатоци – изјави Моника Пешевска од „Средношколски пленум“.

Таа рече дека токму поради тоа, остануват тука и продолжуваат со бојкотот на наставата.

– И во нашиот камп, како во државата, се случуваат одредени настани што ја загрозуваат безбедноста. Поради тоа апелираме до МОН да реагираат, да не дозволуваат тука самите да остануваме. Нашиот став е дециден, ние сме тука, ве повикуваме, дојдете. Ние ќе бидеме тука сè додека самите не сфатат дека говориме за подобро образование и тука ни е заедничката точка и треба заедно да се стремиме кон тоа, а тоа не се постигнува со игнорантски однос – додава Пешевска.

Средношколците изразија сочувство за загинатите во вооружениот напад во Диво Насеље и поддршка за луѓето што живеат во Куманово. Тие одлучија да не протестираат денеска во 17 часот пред МОН бидејќи денеска е втор ден на жалост.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...