fbpx

Адеми за „Алсат-М“: Студирав осум години, од кои пет беа ефективни

-

Во емисијата „360 степени“ на телевизијата „Алсат-М“, министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, го појасни недоразбирањето што настана околу терминологијата за завршните испити кои студентите треба да ги полагаат во втора и во четврта година.

Премиерот Никола Груевски рече дека она што се разгледува не е екстерно туку државен испит, а зборот „државен испит“ во „есктерно“ го сменила опозицијата.
– Ние од прва објавивме дека ќе одиме со државен испит, дека тоа го разгледуваме. Но, кога опозицијата виде дека со ова може да ги навлече студентите и младите против Владата и владејачките партии, го смени изразот „државен испит“ со „екстерно“ за да ги наелектризира и да ги насочи кон протести и за да создаде целосна забуна. Јас не знам зошто протестираат овие студенти, тие нема да полагаат државен испит, не се запишани според тој закон – изјави Груевски во интервју за ТВ „Алфа“.

Министерот Адеми во некои од изјавите го именуваше испитот како „екстерно оценување“, а во некои како „државен испит“.
– На почетокот сум рекол „државен испит“, а потоа, во зависност од темите кои биле третирани, од дебатите кои се организирале и од поставуваните прашања, можело да се користи и „екстерно оценување“, а, на некој начин, овој државен испит ќе го организира некој надвор од универзитетите, па затоа може да се каже нарече и „надворешно тестирање“ и „екстерно оценување“, но во суштитната е државен испит – рече Адеми во интервјуто на телевизија „Алсат-М“.

На прашањето зошто министерот Адеми студирал осум години и дали е тоа добра препорака за човек кој се обидува да стави ред во високото образование, Адеми рече дека студирал ефективно пет години, а не осум. Две години паузирал поради затворањето на Приштинскиот универзитет, а една година поради служење воен рок.
– Се создаде можност, врз основа на еден договор тогаш со Албанија, студентите кои ги прекинале студиите на Приштинскиот универзитет да можат да ги продолжат нивните студии на универзитетите во Албанија. Така што од 1993 година ги продолжив студиите до 1996 година. Ќе повторам 1988 е година на запишување, една година загубена поради војска, две години изгубени поради затварање на универзитетот во Приштина. Пет години е факултетот и три изгубени години се вкупно осум години студирање, но пет ефективни – рече Адеми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...