fbpx

За шест месеци, ново средно училиште во Сарај

-

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, денеска ги посети Општина Сарај и објектот на новото средно училиште.

– Денеска сме тука со градоначалниците на Град Скопје и на Општина Сарај да извршиме увид во градежните работи на ново средно училиште во оваа општина. Морам да напоменам дека договорот со претходниот изведувач на градежните работи беше раскинат поради непочитување на роковите за градба, по што Министерството за образование и наука распиша нов јавен повик и потпиша договор за реализација на градежните работи – изјави Адеми.

Адеми рече дека новиот изведувач има рок од шест месеци да ги заврши сите градежни активности.

Инвестицијата за училиштето надминува 32 милиони денари и е обезбедена од буџетот на Министерството за образование и наука. Новото средно училиште ќе биде со површина од 1.900 квадратни метри и ќе има 12 училници, четири кабинети и други придружни простории.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...