fbpx
Таг: екстерно

таг: екстерно

Последна опомена за Владата од средношколците

Средношколците денеска вторпат се собраа на протестен марш против лошите реформи во образованието. Тие со извиците „Последна опомена“, „Доста беше молк“, „Не за математика“ го почнаа маршот пред Собранието, па се упатија кон Владата и кон Министерството за образование и наука, каде на функционерите им покажаа жолт картон. Барањата на „Средношколски пленум“ се враќање на стариот концепт на полагање на државна...

„Средношколски пленум“: Продолжуваме погласно и посилно од кога било

„Средношколски пленум“ реагира на денешната средба на Министерството за образование и наука со Унијата на средношколци, кои договорија дека математиката нема да биде задолжителна во полагањето на државната матура. Тие велат дека се дополнително изреволтирани од манипулациите и дека ќе продолжат погласно и посилно од кога било со барањата кои се направени од средношколците за средношколците. „Средба со некоја нелегитимна...

Средношколците од Битола за Владата ја рецитираа „Т’га за југ“

„Орелски крилја как да си метнех и во други држави да си полетнех, во поквалитетно образование да си долетнех“. Вака средношколците од Битола ја рецитираа антологиската „Т’га за југ“ од Константин Миладинов на денешниот протест во Битола. Преку триста средношколци, наставници и родители денеска маршираа по Широк сокак, барајќи укинување на екстерното тестирање и враќање на стартиот модел на државна матура. Средношколците...

Адеми: Ќе биде разгледано барањето на средношколците

По протестот на средношколците вчера, министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, рече дека барањето што тие го доставија до МОН ќе биде разгледано и дека матурантите преку дебата ќе бидат информирани за предностите на полагање државна матура. Тој додаде дека предметот математика во државната матура ќе биде на основно ниво. - Се работи за основно ниво, а не за...

Средношколци маршираа против екстерното тестирање

Средношколци од неколку училишта од Скопје, преку марш побараа да се запре екстерно тестирање и математиката да не биде задолжителен предмет на државната матура. „Средношколски пленум“ маршот го почна во Градски парк, а со извиците „Не за математика“, „Преку матурата“ и „Ние сме иднината“ средношколците се упатија кон Министерството за образование и наука, каде го завршија протестот. - Нашето присуство овде...

Екстерно тестирање за трета и за четврта година

Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека од денеска ќе се спроведува екстерната проверка на постигнувањата во знаењата на учениците од завршните години (трета и четврта) во средните училишта, кои не беа тестирани во периодот од 26 до 30 јануари. Тестирањата ќе се реализираат во согласност со објавените распореди на интернет-страницата: prasanjaeksterno.dic.edu.mk. Резултатите ќе бидат објавени на...

Денеска почнува екстерното тестирање за средношколците

Во средните училишта во Македонија, од денеска до 30 јануари ќе се спроведува екстерна проверка на знаењето на учениците од завршните години (трета и четврта), во согласност со објавените распореди на интернет-страницата на Државниот испитен центар. Министерството за образование и наука соопшти дека на наведената страница е објавена база со вкупно 50.400 прашања на македонски, албански и на турски јазик, кои...

СДСМ: Ќе го укинеме екстерното тестирање

Со донесените измени на Законот за високо образование и со воведувањето т.н. државен испит, власта на Никола Груевски го загрози уставно загарантираното право на студирање и направи упад во автономијата на универзитетите. Измените се донесени без минимум дебата, без да се земат предвид ставовите на студентите, професорите и на широката општествена јавност, рече на денешната прес-конференција Љубиша Николиќ, пратеник од СДСМ. -...

Ристовски: Да не се искористуваат студентите

Да не се доведуваат студентите во заблуда и никој да не ги искористува за други цели кои не се директно поврзани со високото образование, изјави денеска заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, кој присуствуваше на промовирањето на проектот за енергетска ефикасност во општина Кривогаштани. - Како што најавивме изминатиов период, де факто, целокупната идеја во однос на воспоставување систем на...

Адеми за „Алсат-М“: Студирав осум години, од кои пет беа ефективни

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми на гостувањето во емисијата 360 степени на Алсат М телевизија
Во емисијата „360 степени“ на телевизијата „Алсат-М“, министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, го појасни недоразбирањето што настана околу терминологијата за завршните испити кои студентите треба да ги полагаат во втора и во четврта година. Премиерот Никола Груевски рече дека она што се разгледува не е екстерно туку државен испит, а зборот „државен испит“ во „есктерно“ го сменила опозицијата. – Ние од...

Штипските студенти маршираат против екстерното

Со извиците „Не за екстерното“, засилени со свирчиња, маршираа студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Повеќе од стотина студенти тргнаа од плоштадот Слобода и наместо најавената маршрута кон Ректоратот во Ново Село, се упатија во спротивен правец, кон Економски факултет. Кога стигнаа таму, студентите извикуваа „Излези УГД!“, со повик кон колегите да им се придружат. Потоа, следени од неколку...

СДСМ: Студентите и професорите јасно кажуваат „не“ за екстерно

За какво „посилно знаење и поголема креативност“ со екстерното тестирање говори Никола Груевски, кога овој начин на оценување и испитување на знаењето на учениците и на работата на професорите, се покажа целосно неуспешен во основното и во средното образование, се вели во писмената реакција на СДСМ на изјавата на Никола Груевски. СДСМ се спротиставува на екстерното тестирање во високото образование,...

Студентите порачаа: Партии не примаме, само индекс имаме

Околу илјада студенти се собраа пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ каде што на Меѓународниот ден на студентите го почнаа маршот под мотото „Заедно против екстерното тестирање на факултетите“, организиран од „Студентски пленум“. Студентите носеа транспаренти испишани со зборовите „Екстероното, Титаник на високото образование“, „Активирај се, реализирај се, студентизирај се“, „Јас сум повеќе од бројче“. - Се преставувам само...

„Студентски пленум“ денеска ќе маршира против екстерното оценување

„Студентски пленум“ денеска најави марш пред надлежните институции со порака да се сопре воведување на новото законско решение за екстерно тестирање на студентите. Студентите очекуваат подршка од своите колеги, но и од професорите. Според најавите од Министерството за образование и наука, испитот треба да се спроведува двапати: првпат кога студентот ќе ја заврши втора година од студиите, со прашања од сите предмети...

„Студентски пленум“ в среда пред платото на УКИМ

Студентската иницијатива „Студентски пленум“ на својата фејсбук-страница објави дека четвртиот по ред собир на студентите ќе се одржи в среда, точно напладне, пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј, пренесува „Радио МОФ“. Студентите почнаа да организираат собири пред повеќе од две недели по најавите од Министерството за образование за воведување на екстерно тестирање во високото образование. Ставот на „Студентски пленум“...

Студентски марш на 17 ноември

Студентски марш „Заедно против екстерното тестирање на факултетите Студентскиот пленум, по повод 17 ноември - меѓународниот ден на студентите, ќе организира голем студентски марш, преку кој студентите сакаат да го кажат нивниот став околу најавените реформи во високото образование. Настанот е организиран на социјалната мрежа „Фејсбук“. Во продолжение е целиот опис на настанот. „Овој студентски марш има идеја да го обедини студентското тело...

СДСМ Крива Паланка: Поради непрофесионално однесување, оштетени 15 наставници

Ова е спротивно на Правилникот за начинот на проверување на објективноста на наставникот, тврдат од партијата
ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски го спроведуваат екстерното тестирање хаотично и непрофесионално, на сметка на учениците, родителите и на наставниците во училиштата, тврдат од СДСМ Крива Паланка. - Во ООУ „Илинден“ во Крива Паланка, наставникот којшто од директорот на училиштето бил назначен да го спроведе интерното оценување кај своите колеги-наставници од прво до трето одделение, од ракав им внел бодови. Со несовесно,...

Студентски собир пред Архитектонски факултет во Скопје

Студентите уште еднаш го повторија својот став дека не го сакаат новиот тест на факултетите
Стотина студенти синоќа се собраа пред Архитектонски факултет во Скопје, на третиот Студентски пленум, на кој се разговараше за најавата од Министерството за образование да воведе екстерно тестирање во високото образование, пренесе „Радио МОФ“. Под мотото „Не ведни глава, придружи се!“, студентите уште еднаш го повторија својот став дека не го сакаат новиот тест на факултетите. Дискусијата на студентите се задржа на две...

Наставници ќе бараат укинување на казните од екстерното тестирање

Синдикатот ја обезбедува правната помош на наставникот кој е казнет на екстерното или интерното тестирање
Седумдесет наставници од источниот регион поднеле приговори до училишните одбори заради казните од екстерното тестирање. Најмногу ги има во Штип. Во основното училиште „Ванчо Прќе“, од 34 приговори, прифатени се тие на 32 наставници, информира претседателот на регионалниот синдикат Марјан Костадиновски, пренесе телевизија „Ирис“. За останатите училишта се чека изјаснување од училишните одбори. Во регионалниот центар на синдикатот за Кочани...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...