fbpx

СДСМ бара јавна расправа за укинување на екстерното

-

Денеска поднесовме барање за одржување јавна расправа за состојбите во образованието, за квалитетот што не се обезбедува со тестови, за укинување на екстерното тестирање, рече пратеникот на СДСМ, Стефан Богоев, на прес-конференција во Собранието.

Тој вели дека барањето за јавна расправа е доставено до претседателот на собранието, Трајко Вељаноски, и до претседателот на собраниската комисија за образование, наука и спорт.

– За СДСМ и за коалицијата, добри реформи не се реформи што ги пишуваат политичари зад затворени врати, туку решенија што мора да се договорат заедно со наставниците, учениците, студентите, родителите и со бизнис-заедницата. Почнавме такви разговори бидејќи предложивме повеќе закони меѓу кои и за укинување на екстерното тестирање. Но, и Собранието мора да ги отвори своите врати и да ги праша најзасегнатите. Ова е единствениот начин да го спречиме интелектуалното осакатување на учениците – изјави Богоев.

Тој ги повика сите засегнати да се вклучат во јавната дебата во наредниот период, а власта и парламентарното мнозинство да ја прифатат.

– Владејачкото мнозинство без никаква јавна дебата го усвои катастрофалното екстерно тестирање. Студенти, средношколци, наставници масовно протестираа низ сите градови. А како одговори власта? Со непримерни навреди на Груевски кон учениците и кон студентите во Македонија – рече Богоев, додавајќи дека за сите идни закони кои се од поширок јавен интерес, задолжително ќе ги земат предвид мислењата и сугестиите на граѓаните.

Одговарајќи на новинарско прашање, пратеникот рече дека во сите комисии во кои СДСМ има претседател, за ваквите закони ќе се организира јавна расправа, а истото ќе го бараат и од другите претседатели на комисии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...