fbpx

СДСМ: Образованието да се ослободи од стегите на власта

-

Екстерното како проект предизвика многу фрустрации, ги натера децата да учат напамет, тренираше строгост, ги измалтретира родителите и ги деградира наставниците, обвинуваат од СДСМ по објавувањето на резултатите од есктерното тестирање во основното и во средното образование.

– Таканареченото екстерно тестирање, Владата на Никола Груевски го смисли за да може да ги конторлира и да ги брка од работа сите оние кои не се послушни и кои не ги спроведуваат нивните лудории. Замислете, каква ќе биде вашата оцена од екстерното тестирање, зависи од добрата волја на Владата. Министерството за образование секоја година ги менува маргините за освоени поени и освоена оцена. Годинава критериумите се построги од минатата година – вели Петар Атанасов, претседател на Комисијата за образование и наука на СДСМ.

Од партијата велат дека екстерното треба да се укине, а образованието да се ослободи од стегите на партијата на власт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...