fbpx

Бојкотот продолжува, се бараат посредници за преговорите со МОН

-

Без договор заврши и третата средба меѓу „Средношколски пленум“ и Министерството за обрзование и наука. Ниту средношколците ниту министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, и по три остварени средби не отстапуваат од своите барања. Средношколците за наредните средби бараат присуство од Народниот правобранител, Првата детска амбасада „Меѓаши“ и од Хелсиншки комитет бидејќи, како што велат, не сакаат да паднат во политички игри.

Од „Средношколски пленум“ велат дека не се задоволни од исходот на третата средба бидејќи иако понудиле конкретни решенија, не наишле на слух од МОН.

– Преговорите се сè уште во тек, но не сме задоволни со резултатот од денешната средба. Од МОН ни понудија модел на работни групи, а ние лоциравме конкретни проблеми и најдовме конкретни решенија што ќе ги задоволат сите засегнати страни и ќе го подобрат образовниот процес – вели средношколецот Огнен Ханџиски.

За „Средношколски пленум“ идеален би бил моделот на екстерно тестирање што се применува во Словенија.

– Нашите предлози во однос на екстерното тестирање не беа прифатени, а од нас бараат да формираме работни групи каде што ќе дискутираме за други прашања. Нашиот конкретен предлог е екстерниот испит да се одвива на начинот како што се одвива во Словенија. Тоа да биде анонимно, да биде статистички и да служи како метод за објективна процена на знаењето, а резултатите да се користат само за да се увидат недотстатоците во образовниот процес, сè со цел да се ревидираат и да се искоренат. Оцените, според овој модел, не треба да бидат во сведителствата – вели средношколецот Дејан Рајковски.

Средношколците велат дека бојкотот на наставата и кампувањето во Паркот на новинари ќе продолжат сè додека не им се исполнат барањата и не најдат компромис со МОН. За наредните средби тие бараат потсредство од Народниот правобранител и од организации што можат да ги заштитат нивните права.

– За наредната средба бараме надзор од Народниот правобранител, од Првата детска амбасада „Меѓаши“ и од Хелсиншки комитет, бидејќи сметаме дека можеме лесно да бидеме изманипулирани и лесно може да паднеме во разни политички интриги. Даваме сè од себе да дојдеме до решение во најкус можен рок – додаде Рајковски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...