fbpx
Таг: Германија

таг: Германија

Во Дизелдорф спречен терористички напад

Германската полиција во Дизелдорф уапсила тројца сириски државјани под сомневање дека планирале да извршат терористички напад во Германија. Како што јавуваат германските медиуми, уапсените Сиријци се осомничени дека како припадници на Исламска држава имале задача да организираат бомбашки напад. Министерот за внатрешни работи на Германија, Томас де Мезијер, рече дека околу 4.500 до 5.000 радикализирани муслимани дошле во Европа од Сирија...

Во Германија уапсени тројца Пакистанци поради сексуални напади

Полицијата во југозападниот германски град Дармштад уапсила тројца Пакистанци осомничени дека сексуално нападнале жени на музички фестивал, минатиот викенд на кој присуствувале 400.000 луѓе. Како што соопштија локалните власти, 18 жени пријавиле дека биле жртви на такви напади. Жените, поголемиот дел од нив млади, тврдат дека група мажи ги опколила и почнала да ги допира. Овој најнов инцидент потсетува на низата...

Четири лица загинаа во поплавите во Германија

Најмалку четири лица, меѓу кои и едно девојче загинаа, а голем број се повредени во поплавите кои ги предизвика силен дожд и невреме кое синоќа го зафати јужниот дел на Германија. Тринаесетгодишното девојче загина кога во неа удрил воз додека се обидувала да пронајде засолниште од дождот под железничкиот мост. Дванаесетгодишното момче кое било со девојчето не е повредено. Невремето најмногу...

Германската влада одобри нови мерки за мигрантите

Владата на Германија одобри нов пакет мерки кои треба да и помогнат на државата да се справи со интеграцијата на околу 1,1 милион мигранти, кои минатата година пристигнаа во земјата, соопшти денеска германската канцеларка Ангела Меркел. - Мислам дека е ова е важен чекор - изјави Меркел, додавајќи дека мерките се насочени кон балансирање на нови „можности и задолженија“ за...

Берлин: Партиите повеќе не смеат да си играат со трпението на меѓународната заедница

Берлин е „екстремно загрижен за внатрешно-политичката состојба во Македонија“, порача денеска од Брисел германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, и потенцира дека земјава итно мора да ги исполни двата услови, односно создавање услови за демократски и слободни избори и целосна поддршка за работата на Специјалното јавно обвинителство. - Политичките партии повеќе не смеат да го ставаат на тест трпението...

Сите реакции на странците за кризата на едно место

Меѓународната заедница овие два дена ја поздрави одлуката на Уставниот суд за замрзнување на изборите и изборната кампања, но повика следниот чекор да биде целосно укинување на аболицијата. Ова се сите реакции по одлуката на Судот: Амбасада на САД во Македонија Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини и евокомесарот за проширување Јоханес Хан Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг Британскиот амбасадор...

Вељаноски и Хајндл согласни дека е потребна итна реализација на Извештајот на Прибе

Сите политички субјекти треба да го тргнат личниот интерес на страна и да го стават во преден план интересот на државата за доброто на граѓаните, како и да се преземат итни и решителни чекори за реализирање на забелешките од Извештајот на Прибе со цел земјата да се врати на патот на евроатлантските интеграции. Ова е заедничкиот став од средбата...

Иванов со Хајндл: Македонија мора да има функционални институции

Претседателот Ѓорге Иванов и специјалниот пратеник на министерот за надворешни работи на Германија, Јоханес Хајндл, на денешната средба разговарале за актуелните политички случувања и размениле информации и мислења за „можностите и начините за надминување на предизвиците на политичката сцена во земјата“, стои во соопштението од кабинетот на Иванов за средбата. „Двајцата соговорници се согласија дека Република Македонија е неопходно да...

Јоханес Хајндл денеска повторно во Скопје

Специјалниот пратеник за Македонија на германското Министерство за надворешни работи, Јоханес Хајндл, денеска ќе допатува во дводневна посета на Скопје, соопштија од германската амбасада. „Надоврзувајќи се на неговата посета од минатата недела, aмбасадорот Хаjндл одново ќе разговара со партиите-потписнички на Договорот од Пржино како и со претставници на меѓународната заедница. Предвидени се и разговори со претседателот на државата, Ѓорге Иванов,...

Уапсен Авганистанец во Германија за сексуална злоупотреба на деца

Дваесет и двегодишниот Авганистанец Хамид Ф. (22) е уапсен под обвинение дека во изминатите неколку недели сексуално злоупотребил пет деца во два града. Како што соопшти германската полиција, Хамид Ф. по кого Европол издал потерница, признал дека „бакнувал и допирал“ две девојчиња во Хемниц. Тој, исто така, е обвинет и за сексуална злоупотреба на две девојчиња и едно момче во...

Пожар во трговски центар во Берлин

Во голем трговски центар во Берлин, специјализиран за виетнамска стока, денеска изби пожар. Засега не е позната причината за пожарот. Пожарникарите ги предупредија граѓаните да ги држат вратите и прозорците затворени. Пожарот избил во утринските часови во трговскиот центар „Донг ксиан“ во источниот дел на Берлин. Се претпоставува дека во моментот на избивање на пожарот немало никој во центарот, кој се протега на...

Германците се против безвизниот режим за Турција

Повеќе од 60 отсто од Германците се против воведување безвизен режим меѓу Турција и ЕУ, покажа истражувањето на институтот „Инфратест“. Само 33 отсто од Германците го поддржуваат укинувањето на визите за Турците, а 62 отсто се против. Според новото истражување, 57 отсто од испитаниците се против спогодбата ЕУ - Турција за мигрантите, додека 39 отсто ја поддржуваат, објави медиумската мрежа АРД. Европската...

Берлин: Хајндл тесно ќе соработува со ЕК и со САД за надминување на кризата во Македонија

Германското министерство за надворешни работи денеска повторно изрази загриженост поради политичката криза во Македонија и соопшти дека од тие причини бил назначен специјален претставник за Македонија, кој ќе помага во надминувањето на кризата. - Внатрешно-политичката ситуација во ПЈР Македонија нè исполнува со голема загриженост. Излез од сериозната и длабока криза сè уште не е на повидок. Затоа, министерот за надворешни...

Кој е Јоханес Хајндл, новиот германски специјален пратеник за Македонија?

Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, го назначи Јоханес Хајндл за специјален пратеник за Македонија кој треба да посредува во решавањето на политичката криза. Јоханес Хајндл е роден во 1956 година во Минхен. Тој бил новинар, дипломат, а од јули 2015 година е амбасадор на Германија во Австрија. Претходно, тој бил шеф на политичкиот оддел и претставник во Комитетот за...

Германија назначи специјален пратеник за решавање на кризата во Македонија

Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, назначил специјален пратеник за Македонија кој треба да посредува во решавањето на политичката криза. Ова попладнево го објави германското министерство за надворешни работи на својот официјaлен твитер-профил. Специјалниот пратеник, како што е објавено, во координација со претставниците на Европската Унија и на САД во земјава ќе посредува во решавањето на кризата. „Министерот за надворешни работи...

Судир на полицијата со демонстрантите пред почетокот на конвенцијата на АФД во Германија

Стотина левичарски демонстранти денеска се обидоа да ги спречат луѓето да влезат на конференцијата на ултрадесничарската партија Алтернатива за Германија (АФД) во Штутгард, а полицијата употреби спреј за да ги растера демонстрантите. Полицијата уапси 400 демонстранти. И покрај протестите, конференцијата на АФД почна навреме, а 1.000 полицајци ги опколиле демонстрантите пред изложбениот центар, каде партијата има партиска конвенција. Се очекува АФД, која бара...

Штајнмаер: Сè поголемата нестабилност ја оддалечува Македонија од ЕУ и од НАТО

Се надевам дека политичките партии во Македонија разбираат дека сè поголемата нестабилност ќе го направи патот на земјата кон Европската унија и кон НАТО многу тежок, вели шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер. Пораката на Штајнмаер до партиите во земјава што го потпишаа Договорот од Пржино за излез од кризата, попладнево ја објави германското министерство за надворешни работи на својот твитер-профил. FM...

Штрајк на вработените на шест аеродроми во Германија

Десетици илјади патници се соочуваат со одложувања летови и со доцнења откако вработените од шест германски аеродроми денеска стапија во штрајк, во пресрет на преговорите за плата кои почнуваат кон крајот на оваа недела, пренесува ДПА. Механичарите, копнениот персонал, вработените во секторот за контрола на безбедноста и пожарникарите денеска штрајкуваат на аеродромите во Минхен, Франкфурт, Диселдорф, Келн, Дортмунд и во...

Данска ќе испрати војска на границата со Германија

Данскиот министер за правда, Сорен Пинд, денеска соопшти дека во јуни на границата на Германија ќе биде испратена војска. Војската, како што рече Пинд, ќе ја замени полицијата, која досега го контролираше бранот мигранти од Блискиот Исток и од Африка. Официјален Копенхаген на 12 јануари воведе привремена контрола на границата со Германија. И двете земји се членки на Шенгенскиот договор. Според планот...

Обама на средба со европските лидери за економски и за безбедносни прашања

Американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Германија ќе се сретнат со францускиот претседател Франсоа Оланд, италијанскиот премиер Матео Ренци и со британскиот премиер Дејвид Камерон. На состанокот, кој е оценет како мини-самит, лидерите ќе разговараат за борбата против Исламска држава во Ирак и во Сирија, бегалската криза, британскиот референдум за членството во ЕУ и за...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...