fbpx

Берлин: Хајндл тесно ќе соработува со ЕК и со САД за надминување на кризата во Македонија

-

Германското министерство за надворешни работи денеска повторно изрази загриженост поради политичката криза во Македонија и соопшти дека од тие причини бил назначен специјален претставник за Македонија, кој ќе помага во надминувањето на кризата.

– Внатрешно-политичката ситуација во ПЈР Македонија нè исполнува со голема загриженост. Излез од сериозната и длабока криза сè уште не е на повидок. Затоа, министерот за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, одлучи да именува посебно надлежно лице, т.е. специјален повереник, за ситуацијата во ПЈР Македонија. Тој го замоли амбасадорот Јоханес Хајндл (актуелен амбасадор во Виена) да ја преземе оваа функција. Отсега, амбасадорот Хајндл тесно ќе соработува со Европската комисија и со САД и со други партнери за да ги поддржува во нивното посредување при надминувањето на внатрешно-политичката криза – соопшти портпаролот на германското МНР, Мартин Шефер, на денешната прес-конференција во Берлин.

Шефер истакна дека тоа е израз на ангажманот на сојузната влада на Германиjа во земjите на Западен Балкан, исто така, и во поглед на европската перспектива, која ја имаат овие земји, како и во поглед на нивната интеграција во евро-атлантските структури.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува...