fbpx

Кој е Јоханес Хајндл, новиот германски специјален пратеник за Македонија?

-

Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, го назначи Јоханес Хајндл за специјален пратеник за Македонија кој треба да посредува во решавањето на политичката криза.

Јоханес Хајндл е роден во 1956 година во Минхен. Тој бил новинар, дипломат, а од јули 2015 година е амбасадор на Германија во Австрија.

Претходно, тој бил шеф на политичкиот оддел и претставник во Комитетот за политика и за безбедност (ПБК) на Постојаната мисија на Германија во Европската Унија.

Хајндл работел како новинар во баварско радио, пред да влезе во диполоматска служба во 1987 година.

Тој бил вработен во германската амбасада во Југославија, потоа преку размена на претставници бил во американскиот Стејт департмент, а потоа и заменик-шеф на Специјалните сили за Западен Балкан при германското МНР.

Хајндл помеѓу 2001 и 2004 година бил шеф на одделот за Западен Балкан, а потоа до 2006 година бил претставник за Југоисточна Европа и за Турција во Министерството за надворешни работи, пред да биде назначен за заменик-шеф на Мисијата во САД од 2009 година

Од 3 септември 2009 година до 2011 година тој бил амбасадор во Чешка, а од јули 2015 година е германски амбасадор во Австрија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...