fbpx

Штрајк на вработените на шест аеродроми во Германија

-

Десетици илјади патници се соочуваат со одложувања летови и со доцнења откако вработените од шест германски аеродроми денеска стапија во штрајк, во пресрет на преговорите за плата кои почнуваат кон крајот на оваа недела, пренесува ДПА.

Механичарите, копнениот персонал, вработените во секторот за контрола на безбедноста и пожарникарите денеска штрајкуваат на аеродромите во Минхен, Франкфурт, Диселдорф, Келн, Дортмунд и во Хановер.

Верди, најголемиот синдикат во Германија, го организира штрајкот за да го зголеми притисокот врз федералните и локалните власти.

Синдикатот бара зголемување на платите за шест проценти, а преговорите продолжуваат в четврток.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...