fbpx

Во Германија уапсени тројца Пакистанци поради сексуални напади

-

Полицијата во југозападниот германски град Дармштад уапсила тројца Пакистанци осомничени дека сексуално нападнале жени на музички фестивал, минатиот викенд на кој присуствувале 400.000 луѓе.

Како што соопштија локалните власти, 18 жени пријавиле дека биле жртви на такви напади.

Жените, поголемиот дел од нив млади, тврдат дека група мажи ги опколила и почнала да ги допира. Овој најнов инцидент потсетува на низата сексуални напади на жени за Новогодишната ноќ во Келн, за кои се обвинети странци.

Тужби најпрво поднеле три жени, што довело до апсење на тројца мажи, пакистански баратели на азил на возраст помеѓу 28 и 31 година, а потоа сексуални напади на истиот фестивал пријавиле уште 15 жени.

Полицијата наведе дека уште трага за двајца или тројца мажи и прецизираше дека „жените пријавиле дека мажите им се чинеле како да се од јужноазискиот регион“.

Нападите во Келн за Новогодишната ноќ, кои ги изведе група мажи претежно од арапско и северноафричко потекло ја зголеми загриженоста на јавноста поради приливот на повеќе од милион мигранти, поголемиот број од нив баратели на азил од Блискиот исток во текот на изминатата година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...