fbpx
Таг: Германија

таг: Германија

Германските џихадисти ќе бидат осудени за воени злосторства

На Германци кои се борат во редовите на Исламска држава, по враќањето во Германија, ќе им се суди за воени злосторства и ќе се соочат со можна казна доживотен затвор, пишува „Велт ам зонтаг“. Според германските разузнавачки служби, околу 500 германски џихадисти заминале во Сирија и во Ирак да се борат за каузата на ИД.

20 терористички ќелии подготвуваат напади во Европа

Околу 180 лица од најмалку 20 терористички ќелии, кои допрва треба да бидат активирани, се подготвени да извршат терористички напади во Франција, Германија, Белгија и во Холандија, јавува американската телевизиска мрежа „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на западни разузнавачки извори. Разузнавачките агенции од ЕУ и тајните служби од Блискиот Исток откриле дека постои „непосредна опасност“ за напад во Белгија, но и во...

Германија: Уапсени двајца осомничени терористи

Две лица денеска се уапсени во рамки на антитерористичка рација на германската полиција во Берлин. Уапсените, кои се на возраст од 41 и 43 години, се осомничени за подготвување напад во Сирија. Полицијата трага по уште две лица, но засега нема докази кои наведуваат дека уапсените подготвувале напади во Германија.

Молотови коктели врз германски весник што објави карикатури на „Шарли ебдо“

Изутринава бил подметнат пожар во германскиот весник „Хамбургер моргенпост“, кој ги објави карикатурите за пророкот Мухамед на францускиот сатиричен магазин „Шарли ебдо“. Како што соопшти полицијата, напаѓачите фрлиле камења и молотови коктели преку прозорецот на редакцијата. Молотовите коктели предизвикале пожар во две простории, но набргу бил изгаснат. Нема повредени лица во нападот.

Снегот ја парализираше Европа

Обилните врнежи од снег предизвикаa голем метеж во Европа, а најмногу се погодени француските Алпи, каде 15.000 лица се завеани. Снежната бура остави околу 100.000 лица без струја, додека на замрзнатите автопатишта во Германија се излизгаа камиони. Во регионот се одложени авионските летови. Во Германија, поради застој на патот во близина на Штутгарт, се формираше колона долга 20 километри, на најголемиот аеродром во земјата, Франкфурт,...

Германците сè уште чуваат 12,9 милијарди германски марки

Германците поседуваат 12,9 милијарди германски марки иако валутата е заменета со еврото, соопшти Германската централна банка, додавајќи дека тоа е еквивалент на 6,6 милијарди евра. Според Германската централна банка, носталгијата е главен мотив за чување на старите пари. Германија ја напушти марката во 2002 година, кога влезе во еврозоната. Бундесбанката почна да ја менува марката по фиксна стапка од 1,96 марка...

Германија: Запалени згради за азиланти

Засега непознати лица, според германската полиција, подметнаа пожар во три празни згради во Баварија, кои биле наменети за сместување азиланти. Пожарот избувнал доцна синоќа, во место во близина на Нирнберг, а полицијата соопшти дека во еден од објектите нашла исцртани свастики и пароли против странци. За време на пожарот, зградите биле празни. Пожарот бил бргу локализиран, при што полесно е повреден еден...

За речиси една година повеќе од 8.000 македонски државјани побарале азил во Германија

За период од 11 месеци годинава, 8.197 македонски државјани побарале азил во Германија. Како што соопшти германското министерство за внатрешни работи, Македонија е во групата на земји од каде и натаму доаѓаат најголем број политички азиланти. Главната причина е финансискиот мотив, но, според германските закони, на секој возрасен барател, покрај обезбеден престој, храна, медицинска грижа, облека и образование за децата,...

„Луфтханза“ откажа 1.350 летови

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ откажа 1.350 летови поради штрајкот на пилотите, кои бараат подобри услови за пензионирање. Штрајкот стапи на сила откако раководството и пилотите не успеаја да постигнат договор. Според податоците на авиопревозникот, повеќе од 150.000 патници се погодени од штрајкот на пилотите, кој е деветти по ред годинава. Пилотите се противат на идејата на компанија да се применува досегашниот модел за...

Германската левица ја обвини Меркел за новата студена војна со Русија

Заменик-шефот на левицата, Сара Вагенкнехт, во Бундестагот остро ја ритикуваше канцеларката Ангела Меркел, префрлувајќи ѝ дека е одговорна за „новата студена војна“ со Русија. - Вие предупредувате на пожар, но вие, сепак, припаѓате на оние кои наоколу трчаат со запалено кибритче“ - рече Вагенкнехт, критикувајќи ја владејачката коалиција. Вагенкнехт ја обвини Меркел дека со санкциите против Русија предизвикала „бесмислена економска војна“ и побара запирање...

Шефот на германската дипломатија е против влезот на Украина во НАТО

Германскиот министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмајер, е против влезот на Украина во НАТО. Во разговорот за германскиот весник „Шпигел“, Штајнмајер вели дека е „можно НАТО да има партнерски однос со Украина, но не врз база на членство“. Штајнмајер, исто така, не е реално да се очекува оти Украина во блиска иднина ќе се приклучи кон Европска Унија. Според, шефот на...

ЕУ во паника – откриен птичји грип кај две диви патки

Европска Унија е загрижена поради можната епидемија на птичји грип, откако во Германија откри две диви патки заразени со вирусот H5N8. Вирусот кон почетокот на месецов беше откриен на живинарска фарма во Германија, а подоцна беше откриен и на фарми во Холандија и во Велика Британија. Германските власти велат дека првиот случај на заразени диви птици го засилува сомнежот дека изворот...

Германските банки не се доволно профитабилни

Германските банки не се доволно профитабилни во споредба со банките во другите европски земји, поради што мора да разгледуваат други деловни модели, порачува германската „Бундесбанк“. - Банките мора да се профитабилни, што важи и за германските банки. Нивната добивка од активата и од вложениот капитал е релативно ниска во спредба со ситуацијата во другите членки на еврозоната - вели Андреас...

Габриел: Јужен тек е за гас од Азербејџан

Вицеканцеларот на Германија, Зигмар Габриел, вели дека изградбата на Јужен тек е важен проект за Европа и оти е диверзификацијаа на испораката на гас во интерес на ЕУ. - Европа има голем интерес да ја диверзифицира ситуацијата со гасот. Планот е испораката на гас да се одвива преку Азербејџан, а не преку Русија - рече Габриел на прес-конференцијата со српскиот премиер Александар...

Германија избегна рецесија

Економскиот раст на Германија забавува, но земјата, сепак, успеа да избегне нова рецесија во третиот квартал, соопшти Министерството за економија во Берлин. Два дена пред објавувањето на официјалните податоци за порастот на домашниот бруто-производ во три месеци, заклучно со септември, министерството наведе дека по благиот пад во вториот квартал, сите индикатори укажуваат на тоа дека економската активност се стабилизирала во...

Германија: Уапсени осум исламисти

Германската полиција уапси најмалку осум исламисти со германско државјанство за време на полициската акција во Северна Рајна Вестфалија. Рацијата е спроведена поради сомневање дека лицата со кражби во цркви и во училишта собирале средства за поддршка на џихадисти во Сирија. Како што јавуваат германските медиуми, 240 полицајци учествувале во акцијата во центарот на Келн. Претресени се домовите на 20 осомничени...

Хојзген: Не треба да се разговара со Асад само затоа што ИСИС е полоша

Сирискиот претседател Башар ал-Асад е одговорен за војната во својата земја и Западот не треба да разговара со него само затоа што Исласката држава е „уште полоша“, изјави денеска советникот на германската канцеларка, Кристоф Хојзген. - Без разлика на фактот што сега постои организација ИСИС, која во поглед на кршењето на хуманитарните и на човековите права е полоша од Асад,...

Штрајк на германските железничари, хаос на патиштата

Поради штрајкот реагираше и германскара кацеларка Ангела Меркел
Денеска штрајкуваат германските железничари, што предизвика голем метеж на автопатиштата. Поради тоа, пишуваат германските медиуми, во текот на викендот, во Германија ќе има недостиг на бензин. Поради штрајкот, реагираше и германската кацеларка Ангела Меркел, која побара посредник за решавање на проблемот. - Може само да апелирам на нивното чувство за одговорност да пронајдат решение што ќе предизвика најмала можна штета за...

Секој втор Германец добива божикна плата

Според анектата, сега како и порано, постојат разлики меѓу истокот и западот на Германија
Педесет и четири проценти од вработените Германци редовно добиваат во различен паричен износ божикна плата, најчесто во ноември, покажа анкетата на синдикалниот архив ВСИ од Диселдорф, пренесуваат германските медиуми. Според анектата, сега, како и порано, постојат разлики меѓу истокот и западот на Германија. На запад од државата, 57 отсто вработени имаа божикна плата, а на исток – 40 отсто.  

Европскиот суд ќе пресуди дали ИП-адресите се лични податоци

Европскиот суд ќе треба да одлучи дали ИП-адресите ќе се сметаат за лични податоци, откако германскиот федерален суд одлучи да ја префрли надлежноста на Европскиот суд на правдата на ЕУ. - Пресудата на судот ќе биде од клучно значење за тековната дебата за реформите на законот за заштита на податоци на ЕУ, како за практиката на интернет-страниците да ги следат...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...