fbpx

Габриел: Јужен тек е за гас од Азербејџан

-

Вицеканцеларот на Германија, Зигмар Габриел, вели дека изградбата на Јужен тек е важен проект за Европа и оти е диверзификацијаа на испораката на гас во интерес на ЕУ.

– Европа има голем интерес да ја диверзифицира ситуацијата со гасот. Планот е испораката на гас да се одвива преку Азербејџан, а не преку Русија – рече Габриел на прес-конференцијата со српскиот премиер Александар Вучиќ.

Габриел забележа дека постои конфликт во врска со усогласувањето на инвестициските планови за проектот „Јужен тек“ со формалниот дел на европските фондови.

Според вицеканцелерот, Европската комисија настојува да ги надмине постојните тешкотии кога станува збор за испораката на гас и оти „е смислено планот да се реализира“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...