fbpx
Таг: Германија

таг: Германија

„Луфтханза“ со намален профит поради терористичките напади

Најголемиот германски авиопревозник „Луфтханза“ соопшти дека поради терористичките напади и сè поголемата политичка и економска нестабилност, значително опаднал бројот на резервации за авионски летови, особено на долгите дестанции во Европа. Како што јавуваат светските агенции, акциите на германскиот гигант денеска паднале за 5,6 отсто и сега чинат 10,47 евра по акција. Покрај заканите од тероризам, Европа се соочува и со политичка нестабилност...

Делегација на АРМ на конференција на ЕУКОМ во Германија

Делегација на Армијата на Република Македонија (АРМ), предводена од началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски, учествува на конференција на земјите партнери на националната гарда на САД, којa се одржува во Гармиш, Сојузна Република Германија, соопштија денеска од Генералштабот на АРМ. Како што информираат оттаму, учеството на македонската висока воена делегација на конференцијата, која е во организација на...

ИД ја презеде одговорноста за нападот со секира во германскиот воз

Седумнаесетгодишниот Авганистанец кој со секира нападна луѓе во воз во Германија, бил припадник на Исламска држава, соопштија од ИД. Портпаролот на германската полиција претходно изјави дека напаѓачот за време на нападот извикувал „Алаху акбар“, а кај него било пронајдено рачно изработено знаме на ИД. Припадниците на безбедносните сили го убија напаѓачот. Авганистанецот дошол пред две години во Германија како малолетник, без придружба,...

Меркел ја покани Меј во Берлин

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска соопшти дека ја поканила новата британска премиерка Тереза Меј на разговори во Берлин и порачала дека се радува на нивната соработка. - Наша задача е тесно да соработуваме со владите на сојузничките земји – рече Меркел на прес-конференција во киргистанскиот главен град Бишек, додавајќи дека бројните проблеми во светот ја направиле таквата соработка неопходна. Меркел истакнала дека...

Пукање и заложничка драма во Штутгарт

Извештаи за неидентификувано вооружено лице предизвикаа голема полициска операција во германскиот град Штутгарт, јавуваат локалните медиуми, додавајќи дека е можно да има заложничка ситуација. Интернет-изданието на весникот „Билд“, повикувајќи се на полициски извори, јавува дека вооружено лице упаднало во зграда во источниот дел на Штутгарт, во која наводно се сместени адвокатски компании. Жена која живее во соседна куќа тврди дека видела...

Меркел: Западот повеќе не ѝ верува на Русија

Потезите на официјална Москва во однос на Украина придонесоа Западот да ја загуби довербата во Русија, оцени денеска германската канцеларка, Ангела Меркел, во германскиот Бундестаг. - Доколку преку одредени зборови и дела се доведува во прашање важноста на законот и неповредливоста на границите, тогаш секако дека довербата се губи - рече Меркел. Изјавата на Меркел доаѓа во пресрет на дводневниот самит на НАТО,...

Хајндл денеска на средби со потписниците на Договорот од Пржино

Посредникот за решавање на политичката криза во Македонија, германскиот амбасадор во Австрија, Јоханес Ханјдл, денеска треба да пристигне во Скопје и да се сретне со лидерите на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино. „Надоврзувајќи се на неговите претходни посети од минатите недели, амбасадорот Хајндл одново ќе разговара со партиите потписнички на Договорот од Пржино, како и со претставници на меѓународната...

Германија се пласираше во полуфинале на „Еуро 2016“

Репрезентацијата на Германија се пласираше во полуфиналето на Европското првенство во фудбал откако синоќа, по изведувањето пенали, ја победи Италија. За време на двете полувремиња и двете репрезентации постигнаа по еден гол, а по продолженијата резултатот остана ист. Полуфиналето во Европското првенство во фудбал ќе се одржи на 7 јули во Марсеј. Со Германија ќе игра подобриот од вечерашното четвртфинале меѓу...

Во Германија се доселиле рекорден број државјани од земјите членки на ЕУ

Имиграцијата на државјани од земјите членки на Европска Унија во Германија достигна рекордно ниво. Лани, во Германија се доселиле 685.485 државјани на Романија, Полска и на Бугарија, пишува весникот „Велт“, повикувајќи се на официјални статистички податоци. Во Германија во најголем број се доселиле Романци (174.779), Полјаци (147.910), Бугари (71.709) и Хрвати (50.646). Како најголема економска сила во Европа, Германија има многу...

Меркел: Мора да дејствуваме за да ги спречиме земјите да ја напуштат ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска на извршниот комитет на нејзината конзервативна партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), соопшти дека треба да се преземат мерки што ќе ги спречат другите членки на Европската Унија, по Велика Британија, да ја напуштат заедницата, јавува денеска „Раша тудеј“. Меркел, исто така, се задржа и на несигурноста на пазарот, која настана по референдумот на Велика Британија за напуштање на...

Меркел жали за Брексит, но најави блискост на Брисел со Лондон

Европа не треба да извлекува брзи и едноставни заклучоци што ќе создадат нови поделби во ЕУ, изјави германската канцеларка Ангела Меркел откако Британците одлучија да ја напуштат Европската Унија. Таа изрази длабоко жалење и порача дека ЕУ во иднина ќе има блиски односи со Велика Британија. - Сè до излегувањето од ЕУ, Велика Британија ги има сите права и обврски како членка...

Убиен напаѓачот што пукаше во кино во Германија

Маскираниот напаѓач кој попладнево пукаше во кино-комплексот во Виернхајм, близу Франкфурт, е убиен откако бил застрелан од специјалните единици на германската полиција, соопшти министерството за внатрешни работи на сојузната држава Хесен. „Проценките на полицијата беа дека вооружениот маж држи заложници поради што беше застрелан и убиен“, изјавил министерот за внатрешни работи на Хесен, Петер Бут, додавајќи дека нема други повредени...

Десетици повредени во напад на кино во Германија

Десетици лица се повредени откако вооружено лице отвори оган во кино-комплекс во Западна Германија, јавува германскиот весник „Билд“. Мажот, кој носел маска и на рамо носел појас со муниција, влегол во „Кинополис“ во Виернхајм околу три часот по локално време. Напаѓачот се забарикадирал во кино-комплексот. Како што јавива „Дармшадтер ехо“, меѓу 20 и 50 лица се повредени. Очевидци за весникот „Хесеншау“ соопштија...

Хајндл изразил поддршка за Јанева и за работата на СЈО

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, вчера попладне се сретнала со специјалниот германски пратеник Јоханес Хајндл. На средбата, како што стои во соопштението од СЈО, била истакната поддршката за непречено работење на ова јавно обвинителство во насока на исполнување на исклучително важниот мандат што му е зададен. „Во оваа насока, тој го истакна и очекувањето за професионална соработка со ова јавно обвинителство...

Германија бара брзи избори и техничка влада

Актуелната состојба во Македонија е загрижувачка! Ова пред членовите на Комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг претпладнево го презентираше Михаел Рот, државен секретар во германското МНР, пренесе „Сакам да кажам“. Како што вели за порталот, Торстен Фрај, член на Комисијата и пратеник од редовите на ЦДУ-ЦСУ во Бундестагот, извесно олеснување донесе повлекувањето на аболицијата, со што е исполнет...

Груевски до Хајндл: ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за избори, но без ново лицитирање со термини

За ВМРО-ДПМНЕ избори се прифатливи во секој термин, но притоа нема да се дозволи државата и граѓаните повторно да бидат заложници на ново лицитирање со термини, како што тоа беше во изминатиот период, истакнал претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на средбата со специјалниот пратеник на германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајмаер, амбасадорот Јоханес Хајндл. „Во таа насока и...

Заев – Хајндл: Потребна е влада што ќе спроведе брзи и регуларни избори

Начините за излез од политичката криза биле тема на разговор на денешната средба на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и на специјалниот пратеник на сојузниот германски министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, амбасадорот Јоханес Хајндл. На средбата било истакнато дека постои согласност дека решението на политичката криза е во реализацијата на обврските од Договорот од Пржино од страна на...

По резолуцијата, германски политичари добиваат смртни закани

Некои германски политичари примија смртни закани откако беше изгласана резолуцијата која турското злосторство врз Ерменците ги прогласи за „геноцид“. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвини германските министри дека имаат „нечиста крв“, по што на некои од нив им е доделено дополнително обезбедување. Ердоган ги опиша германските пратеници како „продолжена рака на сепаратистите во Турција“. Лидерот на Партијата на зелените, Кем Оздемир, и...

Хајндл во вторник повторно во Македонија

Германскиот специјален пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл, во вторник повторно ќе допатува во Македонија. Тој ќе се сретне со лидерите на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино. На Хајндл ова ќе му биде трета посета на Македонија за нешто повеќе од еден месец. При последната посета, на 19 мај, тој побара да се обезбеди непречена работа на Специјалното јавно обвинителство, а сите...

Германскиот претседател нема да се кандидира за втор мандат

Германскиот претседател, Јоахим Гаук, нема да се кандидира за втор претседателски мандат поради својата возраст, но и поради здравствени причини, објави денеска германскиот весник „Билд“. Според истиот извор, ваквата своја одлука 76-годишниот Гаук в понеделник ќе ѝ ја соопшти и на германската канцеларка Ангела Меркел. Актуелниот петгодишен мандат на Гаук истекува следната година и во согласност со уставот на Германија, тој...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...