fbpx

Германскиот претседател нема да се кандидира за втор мандат

-

Германскиот претседател, Јоахим Гаук, нема да се кандидира за втор претседателски мандат поради својата возраст, но и поради здравствени причини, објави денеска германскиот весник „Билд“.

Според истиот извор, ваквата своја одлука 76-годишниот Гаук в понеделник ќе ѝ ја соопшти и на германската канцеларка Ангела Меркел.

Актуелниот петгодишен мандат на Гаук истекува следната година и во согласност со уставот на Германија, тој има право на реизбор.

Претседателот на Германија го избира федерална конвенција, која ја сочинуваат членовите на Будестагот и делегати избрани од германските покраински собранија. Функцијата германски преседател е во голема мера церемонијална и тој нема политичка моќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...