fbpx

Четири лица загинаа во поплавите во Германија

-

Најмалку четири лица, меѓу кои и едно девојче загинаа, а голем број се повредени во поплавите кои ги предизвика силен дожд и невреме кое синоќа го зафати јужниот дел на Германија.

Тринаесетгодишното девојче загина кога во неа удрил воз додека се обидувала да пронајде засолниште од дождот под железничкиот мост. Дванаесетгодишното момче кое било со девојчето не е повредено.

Невремето најмногу ја погодило покраината Баден-Виртемберг каде на некои места за еден час наврнал дожд колку што вообичаено паѓа за половина месец, а некаде наврнало 70 литри дожд на метар квадратен, соопшти Германскиот хидрометеоролошки завод.

Во местото Вајсбах во подземна гаража загинал 60-годишен маж кој не успеал да се спаси од силното невреме. На тоа место повредени се повеќе луѓе.

Во местото Швебиш Гминд загинале две лица. Според податоците на кризниот штаб во Баден-Виртемберг, пожарникар кој се обидел да извлече човек од надојдената вода на железничката станица, загинал заедно со него.

Нивото на реките Ремс и Јозефбах пораснало за многу кратко време. Поголемиот дел од објектите во Швебиш Гминд се потопени, а локалните медиуми наведуваат дека станува збор за „поплава на векот“.

Многу патишта и улици се покриени со кал, тиња, скршени гранки, а некои куќи се целосно уништени.

Метеоролозите очекуваат стабилизирање на времето утре.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...