fbpx
Таг: власт

таг: власт

Заев: Ако СЈО престане да функционира, ние ќе продолжиме да ги објавуваме „бомбите“

Ако Специјалното јавно обвинителство престане да работи и прислушуваните разговори ги вратат во СДСМ, Зоран Заев ќе продолжи да ги објавува „бомбите“, рече денеска Заев, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на платформата за демократска Македонија. „Ако биде уништено СЈО и ги вратат материјалите, Зоран Заев ќе продолжи да ги објавува прислушуваните материјали. Истовремено, како што рековме, ќе ги употребиме...

Уставниот суд одлучува дали ќе има помилување за изборни измами

Уставниот суд на Македонија на седницата која почна денеска точно во 9 часот решава дали на претседателот на државата ќе му го врати правото да помилува лица осудени за изборни измами или, пак, ќе остане на сила актуелното решение, со кое тоа му е оневозможено, според измените на Законот за помилување од 2009 година. Поради оваа иницијатива во текот на вчерашниот...

Фродем: Враќање на помилувањето значи суспендирање на уставниот поредок

Враќањето на можноста за помилување на учесници во злосторнички здружен потфат за фалсификување на граѓанската изборичка волја во суштина значи судспендирање на уставниот поредок, велат од Граѓанското здружение Фродем. „Тоа значи суспендирање на волјата на граѓаните и нивното право на глас и истото тоа право во иднина слободно и неказниво да го користат организираните криминални структури за лични и и...

Наумов: Секое бебе се раѓа со 2.000 евра долг

Во малите и во средните претпријатија ќе инвестираме до 50 милиони евра државна помош, за разлика од власта во заминување која одвојува едвај 200.000 евра, истакна претседателот на комисијата за финансии на СДСМ и дополнителен заменик-министер за финансии, Кире Наумов, кој заедно со претседателката на комисијата за труд и социјална политика, Мила Царовска, и со организацискиот секретар на СДСМ, Миле...

„Студенски пленум“: Власта го уништува високото образование, а опозицијата молчи

„Студентскиот пленум“ соопшти дека силно се спротиставува на формирањето на уште еден, нов државен универзитет во земјава, кој, според пленумци, уште еднаш ги расветлува намерите на власта „за систематско уништување на високото образование и за негово претворање во алатка што власта ќе ја користи во сопствена полза“. Од „Студентски пленум“ ја прашуваат власта дали на ваквиот чекор му претходела каква било анализа...

Откако опозицијата се врати во Собранието, има повеќе дискусија, но со помал квалитет

Со враќањето на опозицијата во Собранието, се зголемил интензитетот на дискусиите, но се намалил квалитетот, стои во извештајот на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ за работатат на законодавниот дом во периодот од септември до ноември 2015 година. Како што се вели во извештајот, за разлика од претходниот период, откако СДСМ и здружената опозиција се вратија во собраниските клупи, има повеќе реплики, отколку говори. Според...

Општина Охрид го донесе буџетот во тензична атмосфера

Охрид догодина може да смета на буџет од 18 милиони евра. Советот на Општината ги изгласа и развојните програми за 2016 година. За владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за функционален и одржлив буџет, буџет на можности, кој нема да создава нови долгови, а ќе може да ги покрива и старите. - Со вака конципираниот буџет, со бројни активности и проекти,...

Три години од црниот понеделник

Три години поминаа откако власта и опозицијата се степаа во Собранието, новинарите беа исфрлени од собраниската галерија од каде ја следеа расправата за усвојувањето на буџетот, а пред Собранието опозицијата ги блокираше улиците. По овие настани следуваше политичка криза, која се решаваше со посредство на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, а крајниот резултат беше потпишувањето на мартовскиот договор, со кој партиите...

Асад: Само сирискиот народ може да одлучи дали можам да останам на власт

Башар ал Асад на шега регираше на неодамнешното соопштение на некои од преставниците на Западот, дека сирискиот лидер засега може да остане на власт. Западот претходно инсистираше на заминување на Асад од власта. - Час ми велат оди, час ми велат остани. Им благодарам што ми дозволија да останам. Јас веќе си ги спакував куферите и сакав да си одам,...

ЛДП: Сваровски-судството направи ерозија на правосудниот систем

Власта направи целосна ерозија на квалитетот, стручноста и на моралот на правосудството во Македонија, се вели во соопштението на ЛДП. Генералниот секретар на форумот на жени на ЛДП, Даница Чадиева, обвини дека „власта од судството направи мрежа од роднински, брачни и од вонбрачни партиски судии.“ - Денес, од 770 судии, колку што има во Македонија, околу 400 се избрани во време на...

Кљусев, Мијалков, Груевски: Кум за кум, братучед за моќ

Људмил Кљусев, кој на 12 ноември беше уапсен во САД, под обвинение за нелегално дистрибуирање наркотици, е син на првиот премиер на независна Македонија, Никола Кљусев. На сослушувањето за да се утврди дали треба да остане во притвор или ќе биде пуштен да се брани од слобода, психијатарот Кљусев, меѓу другото, изјавил дека „нема повеќе желба да се занимава со...

Митрески: Власта повторно собира арач од фирмите

Од опозицискиот СДСМ обвинуваат дека „власта во заминување, деновиве повторно собира арач од малите и од средните претпријатија“. Тие посочуваат дека, „власта бара од сите правни субјекти, коишто мораа да воведат фискални каси со ГПРС, да плаќаат нова давачка од 60 евра за воспоставување на некаква ГПРС-врска, која не треба да чини ништо.“ - Целта на власта е да извлече повеќе од 12 милиони евра...

Градоначалникот на Струга ја обвини власта дека го ограничува општинскиот буџет

Градоначалник на Струга, Зијадин Села, ја обвини централната власт дека го ограничува општинскиот буџет на ниво од 16 милиони денари, со што планираните проекти во рамките на акциските планови за образование, социјална заштита, млади и за соработка со граѓански организации, не можат да се имплементираат. - Парите што ќе се соберат од граѓаните на општина Струга, присилно се одземаат од централната...

СДСМ: Зад изградбата на малото пристаниште се крие бизнис-интерес

Зад одлуката за изградба на таканаречената „мала марина“, се крие бизнис-интересот на лица блиски до власта, обвинија на денешната прес-конференција членовите на Советот на Општина Охрид од СДСМ. – Не станува збор за вистинско пристаниште туку за угостителски објект, кафеана на среде езеро, на најатрактивното место во Охрид, со уредување на паркиралиште за дваесетина пловни објекти. Планот на ВМРО-ДПМНЕ е преку јавно-приватно партнерство,...

СДСМ Битола: Власта вработува наставници со само четири наставни часа

За само четири наставни часа, власта во Битола дели вработувања на неопределно време во битолските училишта, обвини опозицијата во општинскиот Совет. Според Наташа Петровска, советник на СДСМ, училиштата се преполни со нововработени наставнци кои кусокот од часови го дополнуваат со таканаречни слободни активности. - Во нашите институции, беа доделувани решенија на неопределено работно време со само четири часа за предавање, а остатокот од...

Талат Џафери: Право на медиумите е дали ќе ги остранат прислушуваните материјали

„Со тоа што законот за забрана за објавување и за располагање со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникациите го пуштив во собраниска процедура на 6 октомври, немав никаква намера, ниту да ги запрам преговорите, ниту да направам некаква штета. Го поднесов затоа што преговорите одеа добро и се очекуваше завршница и мислев дека наредниот ден заедно со изборниот...

СДСМ: Зад таканаречената „марина“ се крие приватен ресторан на лица блиски од власта

Зад таканаречената „марина“ или „мало пристаниште“ на најатрактивниот дел од Охридското Езеро, се крие приватен ресторан на лица блиски од власта, обвини денеска од прес-конференција општинското раководство на СДСМ од Охрид. - Додека ВМРО-ДПМНЕ купува скапи партиски седишта, државниот имот што им припаѓа на сите граѓани, буквално го распродава на свои блиски поддржувачи кои потоа стануваат финансиери на партијата. Дрскоста...

За властите и зеленилото и безбедните улици се политика, а таа е само нивна

„Политика“ е кога се штити зеленило, кога се инсистира на безбедни улици, кога се бараат хигиена и реформи во образованието. А со политика и со собирање политички поени смеат да се занимаваат само претставниците на владејачката партија. Ова може да се заклучи од нивните изјави кога изминатава недела неколку граѓански иницијативи беа прогласени за „политика“ - како да е тоа непристоен...

Николов: Власта брза да го протне ребалансот на Буџетот за да не се соочи со опозицијата

Социјалдемократскиот сојуз денеска реагира на усвојувањето на ребалансот на Буџетот без опозицијата во Собранието. Од партијата велат дека станува збор за „уште една потврда дека урнисаната парламентарна демократија предизвикува огромна економска штета за граѓаните и стопанството. - Владата се брзаше да протне ребаланс на Буџетот обидувајќи се на тој начин да го избегне спротивставувањето на ставовите со опозицијата за погрешните...

СДСМ: Не се остваруваат ветените проекти и ова не е успешна туристичка сезона

Ниту се остваруваат ветените проекти, ниту е ова успешна туристичка сезона, порача од денешната прес-конференција претседателот на охридските социјалдемократи, Томислав Тунтев. – Вистината и реалноста се поразителни. За 28 месеци, градоначалникот Бакрачески и власта на ВМРО-ДПМНЕ не успеаја да реализираат ниту еден проект од тие што во нивната изборна програма беа ветени како приоритетни и капитални. Дополнително, годинешната летна сезона...

Мицотакис: Новата влада да го користи единствено името Северна Македонија

Никаков напредок на долгиот пат на Скопје кон Европа не може да се постигне без апсолутно почитување на Преспанскиот договор за прашањето за името, изјави денеска грчкиот премиер Кирјакос...