fbpx

„Студенски пленум“: Власта го уништува високото образование, а опозицијата молчи

-

„Студентскиот пленум“ соопшти дека силно се спротиставува на формирањето на уште еден, нов државен универзитет во земјава, кој, според пленумци, уште еднаш ги расветлува намерите на власта „за систематско уништување на високото образование и за негово претворање во алатка што власта ќе ја користи во сопствена полза“.

Од „Студентски пленум“ ја прашуваат власта дали на ваквиот чекор му претходела каква било анализа или станува збор за уште едно применување на практиките на „брзоплето информирање“. Прашања од пленумот има и до опозицијата, односно зошто нејзините пратеници во Собранието на седницата пред два дена не го кренаа својот глас против основањето на универзитетот.

„Би сакале да ги прашаме нашите власти, која е потребата од формирање на нов државен универзитет? Дали на ваков чекор претходи каква било анализа или одново се применуваат истите практики на брзоплето „реформирање“? Зошто јавноста не доби никакво објаснување околу скратената собраниска процедура што (и) овојпат се применува? Кои ќе бидат финансиските импликации од основањето на овој универзитет? Како тие ќе влијаат на финансиите на постојните универзитети? Со кои ресурси, пак, ќе се подобри студентскиот стандард? Освен тоа, зошто пратениците од опозицијата на вчерашната седница на Собранието (27 јануари 2016 година) не го кренаа својот глас против основањето на универзитетот? Дали партиските превирања се од примарен интерес, па високото образование не е на агендата? Зошто се молчеше, иако во минатото се говореше за нужноста од подобрување на состојбите во високото образование?“, прашуваат од „Студенски пленум“.

Оттаму, во овој контекст, велат дека високото образование се соочува со сериозни проблеми, а законодавството создава регулаторен хаос на штета и на студентите и на професорите.

„Универзитетите се постојано мета на необсмислени „реформи“. Евидентен е и недостигот од ресурси, соодветни простории, литература и стручен кадар во извесни сфери. Студентите живеат во нечовечки услови во студентските домови, а надвор од нив се соочуваат со депримирачкото секојдневие кое им го приредува македонската реалност. Автономијата на универзитетите , иако уставно начело, е сведена на мртво слово на хартија… А сепак, ова се само мал дел од вкупниот број проблеми кои би можеле да ги наброиме. Одново истакнуваме дека ние одбиваме да го предадеме високото образование во рацете на власта. Студентите се независни и силни, а нивниот глас ќе се спротистави на секој противуставен, необсмислен, избрзан и проблематичен рез во високо-образовната сфера“, стои во соопштението од „Студентски пленум“.

Собранието во средата го поддржа предлог-законот за основање универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“, во рамките на кој ќе функционираат осум целини, односно воена академија, воздухопловна академија, факултет за безбедност, медицински факултет, факултет за мировни студии и за кризен менаџмент, правен факултет, институт за командни и штабни функции и за лидерство и институт за информатички технологии и за сајбер-безбедност.

Најголем дел од факултетите на универзитетот се очекува да почнат со работа во академската 2016/17 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...