fbpx

Откако опозицијата се врати во Собранието, има повеќе дискусија, но со помал квалитет

-

Со враќањето на опозицијата во Собранието, се зголемил интензитетот на дискусиите, но се намалил квалитетот, стои во извештајот на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ за работатат на законодавниот дом во периодот од септември до ноември 2015 година.

Како што се вели во извештајот, за разлика од претходниот период, откако СДСМ и здружената опозиција се вратија во собраниските клупи, има повеќе реплики, отколку говори. Според Јане Димески, координатор на проектот, тоа укажува на интензивна размена на мислења меѓу пратениците.

Најмногу говореле опозициските пратеници, 55 проценти, поголемиот дел од репликите биле изнесени од пратениците кои се дел од владејачкото мнозинство, а најмногу контрареплики изнесувале опозициските пратеници.

Пратениците Македонци говореле во 94 отсто од дискусиите, а пратениците од албанските партии се јавиле за збор во само 4 отсто дискусии.

– Со зголемувањето на интензитетот на дискусиите во Собранието, логично е дека се намалил степенот на аргументираност. Во овие три месеци, во само 7 проценти од дискусиите во Собранието се идентификувани повеќе од два аргументи изнесени од говорниците, во 9 проценти имало два аргументи, во 30 проценти од дискусиите имало еден аргумент, слабо образложение имало во 32 проценти од дискусиите, а во 31 процент од дискусиите немало никаков аргумент и некоја поширока смисла во изложувањето на пратеникот – вели Димески.

Според Димески, пратениците биле релативно коректни кога се обраќаат едни кон други, иако имало и отворено непочитување и напади врз личноста.

Од Институтот се обратиле до Собранието да овозможи достапност за јавноста на записите од седниците на собраниските комисии, но без резултат.

– Се обративме до Собранието со барање снимките на собраниските седници да станат постојано достапни за јавноста, бидејќи досега не се изработувале стенограми ниту, пак, снимки. Има снимки кои се емитуваат само еднаш на денот, кога се одржува седницата и повеќе никогаш тие снимки не се достапни. Со тоа е оневозможено следењето на тренд или политика што застапувале одредни пратеници во минатото. Тоа е невозможно бидејќи јавноста нема увид во такви материјали – рече Димоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...