fbpx

Општина Охрид го донесе буџетот во тензична атмосфера

-

Охрид догодина може да смета на буџет од 18 милиони евра. Советот на Општината ги изгласа и развојните програми за 2016 година.

За владејачкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за функционален и одржлив буџет, буџет на можности, кој нема да создава нови долгови, а ќе може да ги покрива и старите.

– Со вака конципираниот буџет, со бројни активности и проекти, градоначалникот Бакрачеки и оваа администрација внимаваат да се најдат соодветен број средства, со кои Општина Охрид ќе ги покрива старите долгови, што е многу важно појаснува секретарот на општината, Димитар Спасески.

За СДСМ, пак, новиот буџет е целосно неразвоен и нема да донесе ништо ново за Охрид.

– ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески апсолутно немаат равојна визија за Охрид, а тоа граѓаните одамна го знаат. Советничката група на СДСМ заедно со коалиционите партнери во континуитет тоа го кажува и должни сме денеска да истакнеме дека со буџетот за 2016 година ништо нема да се смени. Безидејноста на Бакрачески и на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и за наредната 2016 година – вели Јован Стојаноски, координатор на советничката група на СДСМ.

Опозициските советници реагираа на програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Oхрид за 2016 година.

– Според буџетот за 2016 година, за некои урбани блокови во градот Охрид и за дел од селата, урбанистичките планови ќе бидат финансирани на сметка на општинскиот буџет, а за други села и урбани блокови граѓаните дополнително треба да издвојуваат свои средства и да ги платат самите урбанистичките планови. Тука ние гледаме една класична дискриминација на граѓаните и апсолутно не се поддржува граѓанскиот пристап во донесување на урбанистичките планови – вели Стојаноски.

За СДСМ не се прифатливи ни програмите на јавните претпријатија и програмата за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Oхрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...