Градоначалникот на Струга ја обвини власта дека го ограничува општинскиот буџет

-

Градоначалник на Струга, Зијадин Села, ја обвини централната власт дека го ограничува општинскиот буџет на ниво од 16 милиони денари, со што планираните проекти во рамките на акциските планови за образование, социјална заштита, млади и за соработка со граѓански организации, не можат да се имплементираат.

– Парите што ќе се соберат од граѓаните на општина Струга, присилно се одземаат од централната власт. Таквата инвестиција се одлива во случајов во Општина Охрид. Ова би требало да биде една од темите што би требало да се дискутира тука. Ние функционираме со финансиска рамка од 16 милиони денари и две години одиме по судови за да се зголеми оваа рамка од 16 на 22 милиони денари. Не ни се овозможува тоа. Ова е чиста политичка одлука. Рамката за Охрид преку ноќ од 30 милиони денари се зголеми на 50 милиони денари – се пожали Села на Граѓанскиот проектен форум, кој го организираше Центарот на заедницата од општина Струга.

Тој рече дека не треба да се очекува соработка само од институциите, туку треба и граѓаните да бидат поврзани и да придонесат институциите да не се соочуваат со проблемите со кои се соочуваат сега.

– Некои од предложените теми се многу важни идеи за функционирање на локалната самоуправа и, се разбира, главната тема од каде што треба да се почне е децентрализација на локалната самоуправа, она што подразбира добра фискална децентрализација, која во случајов во Македонија ја немаме. Македонија спаѓа во држава со недецентрализирана локална самоуправа во регионот. Се разбира, граѓанскиот сектор заедно со политичките актери може добро да работи за создавање на една правилна фискална децентрализација – подвлече Села.

 

Работилница за справување со дезинформации: Аплицирајте за обука, платено практикантство и можна посета на САД

Од 19 до 21 февруари во Тетово ќе се одржи тридневната работилница на тема Справување со дезинформации. Конкурсот за оваа работилница е во тек и на него може да се пријават...

Владата ги повика на консултации невладините организации за Извештајот за состојбата на НВО во 2024 година

Владата денеска упати јавен повик до невладините организации да земаат активно учество во изготвување на Извештајот за условите во кои работеа невладините организации во 2024 година. „Одделението за соработка со невладини организации...

Началникот на Генералштабот на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од утре ќе престојува на редовната конференција на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на Генералштабови од...

Наставниците немаат доволно ресурси за да реализираат настава, утврдиле инспекторите

Во училиштата нема доволно дидактички материјали и дидактички ресурси за реализирање на наставата на сите наставни јазици (во тој опфат спаѓаат и асистивни технологии за ученици со посебни образовни потреби). Специјализираните...

Работилница за справување со дезинформации: Аплицирајте за обука, платено практикантство и можна посета на САД

Од 19 до 21 февруари во Тетово ќе се одржи тридневната работилница на тема Справување со дезинформации. Конкурсот за оваа работилница е во тек и на него може да...