fbpx

Николов: Власта брза да го протне ребалансот на Буџетот за да не се соочи со опозицијата

-

Социјалдемократскиот сојуз денеска реагира на усвојувањето на ребалансот на Буџетот без опозицијата во Собранието. Од партијата велат дека станува збор за „уште една потврда дека урнисаната парламентарна демократија предизвикува огромна економска штета за граѓаните и стопанството.

– Владата се брзаше да протне ребаланс на Буџетот обидувајќи се на тој начин да го избегне спротивставувањето на ставовите со опозицијата за погрешните економски политики и расипничкото трошење на парите на граѓаните. Со една реченица, со ребалансот на Буџетот власта го изгласа најголемиот буџет во историјата на Македонија од 3,065 милијарди евра и со тоа само го продолжува понатамошното економското исцрпување на граѓаните и стопанството, го зголемува нивното осиромашување и задолжување – изјави денес на прес-конференција пратеникот на СДСМ, Марјанчо Николов.

Според Николов со ребаланост Владата дополнително планира „значително да го зголеми задолжувањето на домашниот пазар за неверојатни 454 проценти или 302 милиони евра“.

– Да потсетиме дека само по основ на буџетски дефицити во изминатите 6 години, Владата ги задолжи граѓаните на Македонија и стопанството за неверојатни, нови 2 милијарди евра. Тоа е неуспешна нерационална и долгорочно катастрофална економска политика – рече Николов.

Од СДСМ велат дека со ваквиот начин на планирање на приходите и трошење на народните пари и начинот на задолжување Владата треба да одговори на клучното прашање: Дали реченицата „немаме пари за леб, а трошиме за чоколадо“ треба да се дополни со „чоколадото го купуваме на кредит“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...