fbpx
Таг: власт

таг: власт

Италијанците утре на референдум ќе одлучуваат за реформа на политичкиот систем

Граѓаните на Италија утре на референдум ќе одлучуваат дали ќе ги прифатат реформите во уставот на земјата, кои предвидуваат концентрирање на власта во рацете на владата или, пак, ќе ги отфрлат промените и ќе го зачуваат својот посебен систем на демократски проверки и рамнотежа, пишуваат светските агенции. Станува збор за една од најголемите институционални промени во Италија, откако земјата...

СДСМ најавува целосна ревизија на акцијата „Ден на дрвото“

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска соопшти дека ако дојде на власт, по изборите на 11 декември ќе спроведе целосна ревизија на спроведувањето на акцијата „Ден на дрвото“. „Како што предвидовме во нашиот „План за живот во Македонија“, ќе направиме комплетна ревизија на спроведување на акцијата „Ден на дрвото“ од стручен и финансиски аспект. Ќе утврдиме на кои површини се спроведуваше...

Партиите кријат од каде ги финансираат кампањите, кои чинат околу 1 милион евра

Американскиот претседател Доналд Трамп во изборната кампања потроши 600 милиони долари, додека неговата противкандидатка Хилари Клинтон трката ја чинеше повеќе од 1 милијарда долари. Во Македонија, пак, за изборните кампањи на кандидатите на најголемите политички партии за претседателските избори во 2014 година беа потрошени околу еден милион евра. За изборната кампања за Ѓорге Иванов, ВМРО-ДПМНЕ потрошиле 878.781 евра, покажува нивниот финансискиот...

Во Истанбул протести на студентите и на професорите против власта

Неколку стотини студенти и универзитетски професори протестираа во Истанбул поради смената и затворањето на наставници и на професори по неуспешниот воен пуч во јули. - Рамо до рамо, против фашизмот – извикуваа студентите, професорите и претставниците на синдикатот за образование пред истанбулскиот универзитет, надгледувани од полицијата. Анкара го обвинува поранешниот имам Фетулах Ѓулен дека стои зад пучот, по кој отпушти околу...

СДСМ: Власта на Груевски нè задолжува по 2 милиона евра на ден

„Секој ден во 2016 година власта на Груевски ги задолжувала граѓаните по два милиона евра. За последниве девет месеци, вкупниот јавен долг на Македонија се зголемил за повеќе од половина милијарда евра или неверојатни 532 милиони евра“, се вели во соопштението на СДСМ во врска со објавата на јавниот долг од страна Министерството за финансии. Од опозициската партија порачуваат дека „ќе има ревизија...

Георгиевски и ВМРО-НП денеска ќе решат дали ќе се приклонат кон Груевски или опозицијата

ВМРО-НП денеска на седница на извршниот комитет ќе расправа за тоа кон која политичка опција ќе се приклучи пред изборите закажани на 11 декември, дознава „Мета“. Отворени се две можности, од кои едната е опозициската десна партија да се придружи на десниот блок во уривање на сегашната владејачка гарнитура и втората отворена можност е ВМРО-НП да влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ,...

ВМРО-ДПМНЕ: Забавувањето на економскиот пораст е последица на кризата создадена од Заев

Светска банка јасно и недвосмислено посочи дека забавувањето на економскиот пораст, странските инвестиции, а со тоа и зголемувањето на буџетскиот дефицит за да се задржи порастот, се директна последица на политичката криза, која во Македонија ја создадоа аболираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на соопштението на дополнителниот-заменик министер за финансии, Кире Наумов. Според партијата на...

Наумов: Извештајот на Светска банка е загрижувачки

Загриженоста што ја изрази Светска банка за темпото на задолжувања во Македонија и за висината на јавниот долг е потврда на нашите предупредувања, се вели во реакцијата на дополнителниот заменик-министер за финансиии, Кире Наумов, за извештајот на Светска банка што денеска беше презентиран. Според него, начинот на кој владее актуелната власт, преку задолжувања, негативно се одразува на економијата. - Светска банка во извештајот ги потврдува податоците што ги соопштив...

Расправата за извештаите на Јанева и на Зврлевски ќе продолжи в понеделник

Комисиската расправа на која се разгледуваше извештајот за работењето на Специјалното јавно обвинителство и на која пратениците ѝ поставуваа прашања на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, заврши, a ќе продолжи в понеделник. По паузата, пратениците од власта и од опозицијата продолжија со меѓусебните обвинувања во однос на работата на Специјалното јавно обвинителство, па пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, истакна дека...

Партија на обединети пензионери: Власта подгрева меѓуетнички тензии

Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) упати повик за обединување за преку ставање на граѓанинот во центарот на интересот на државата, конечно и вистински да се демократизира македонското општество што ќе ги спречи манипулациите насочени кон држење на земјата во заложништво, од страна на поединци и на политички врхушки. „Со вознемиреност го следиме повторниот и непромислен обид на...

Шилегов: Власта нема да избегне одговорност за последиците од поплавите

Раководните кадри на власта на ВМРО-ДПМНЕ во институциите, нема да избегнат одговорност за ужасните последици од поплавите, колку и да се обидуваат да бегаат. Тоа што цел ден се обидуваат да ја блокираат Надзорната расправа покажува до каде оди неодговорноста на овие луѓе, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Тој додаде дека поплавите на Скопје му се случија, бидејќи во 21 век делови...

СДСМ: Каналите неисчистени, но пари легнале на сметките на фирми блиски до власта

Поплавите на површина го извадија неодговорното и криминално работење на власта, кое има огромни последици по безбедноста и сигурноста на граѓаните, обвини денеска членот на извршниот одбор на СДСМ и дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Тој рече дека само во 2014 година, преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, биле исплатени повеќе од...

Шилегов: Мегаломанскиот проект „Скопје 2014“ станува опасен по животот на граѓаните

Последните дождови покажаа дека „Скопје 2014“, мегаломанскиот проект на Никола Груевски, освен што е пералница за пари, станува реална опасност по безбедноста на граѓаните на Скопје, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Тој рече дека два дена екипите на комуналните претпријатија дежураат во „прескапо платените градби во центарот на Скопје и од нив вадат фекалии кои директно ја загрозуваат...

Заев: На Денот на независноста, ветувам дека заедно ќе изградиме правна држава

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска, по повод утрешниот празник 8 Септември, Денот на независноста, пред зградата на Собранието изјави дека со граѓаните ќе се бори за правна држава, во која граѓаните ќе го имаат главниот збор. - Почитувани граѓани, драги млади! Чекор по чекор, но заедно се ослободуваме, сплотени еден до друг. Го кренавме гласот заедно. Заедно и ќе...

Што е државен удар, кој го изведува и која му е целта?

Државен удар или пуч (Coup d`etat на француски) е ненадеен и најчесто насилен обид за уривање на власта во една држава. Пучот најчесто го изведува мала воена или политичка група. Ова е и разликата меѓу државен удар и револуција, во која има масовно народно востание. Вообичаено, цел на државниот удар е уривање на владата или симнување од власт на диктатор. Покарактеристични примери за државен...

МВР распишува оглас за вработување на нови 600 полицајци

Министерството за внатрешни работи распишува оглас за вработување на 600 нови полицајци, дознава „Мета“. Огласот треба да биде објавен утре во „Службен весник“ и во утрешните изданија на дел од дневните весници. Како што може да се прочита од огласот, станува збор за прием на „600 извршители на работното место полицаец“, за работа во Министерството за внатрешни работи. Најголем дел од...

Власта на Груевски го урна достоинството на професионалните војници, обвини СДСМ

Власта на Никола Груевски ја колабира одбраната на Република Македонија и го урна достоинството на професионалните војници и старешини, обвини денеска на прес-конференција членот на извршниот одбор и претседател на комисијата за одбрана на СДСМ, Максим Димитриевски. Тој истакна дека со новниот ребаланс на буџетот, власта на ВМРО-ДПМНЕ повторно ги скратила парите предвидени за одбраната. „Од 2006 година до денеска власта на...

Мирно завршија протестите во Бања Лука

Мирно и без инциденти завршија двата протести што денеска се одржаа во Бања Лука. Под мотото „Да ја ослободиме Српска“, опозицијата ги повика граѓаните да го искажат незадоволство од актуелната политичка и економска состојба и ги обвинија властите во Бања Лука дека се корумпирани и дека се главни виновници за високата невработеност. За време на протестите, не беше дозволено движење на демонстрантите...

Котевски: Нема потреба за загриженост, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е тука и е добро

Точно 12 дена, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не се појавил во јавноста, со изјава или промоција на проект. Последен пат тој беше забележан од камерите на 28 април годинава, на промоцијата на проектот „Од град во село за нов почеток“, во Музејот на ВМРО. Единствено, во јавноста се појавија негови фотографии по средбата со пратеничката од Европскиот парламент, Маријана Петир,...

СДСМ: Груевски и неговите соработници ќе поднесат сметка за Диво Насеље

Никола Груевски и неговата власт ќе им поднесат сметка на семејствата на загинатите полицајци, на луѓето чии домови се разурнати, на граѓаните на Куманово и на Македонија за тоа што се случи на 9 мај во Диво Насеље, обвинуваат од СДСМ. „Чие дело е ужасниот инцидент во кумановско Диво Насеље? Зошто Владата на Груевски не ја спречила терористичко-криминалната група, бидејќи...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...