fbpx

Наумов: Извештајот на Светска банка е загрижувачки

-

Загриженоста што ја изрази Светска банка за темпото на задолжувања во Македонија и за висината на јавниот долг е потврда на нашите предупредувања, се вели во реакцијата на дополнителниот заменик-министер за финансиии, Кире Наумов, за извештајот на Светска банка што денеска беше презентиран.

Според него, начинот на кој владее актуелната власт, преку задолжувања, негативно се одразува на економијата.

– Светска банка во извештајот ги потврдува податоците што ги соопштив на граѓаните, дека износот на јавниот долг за 2016 година ќе изнесува 50 проценти. Банката соопшти дека очекува јавниот долг на Македонија да достигне 52,2 проценти во 2017 година. Исто така, Светска банка предупредува за дефицит од 3,4 проценти следната година, што потврдува дека актуелната власт носи неразвојни буџети за економијата – вели Наумов.

Во соопштението се додава дека податоците во извештајот на Светска банка се загрижувачки, ако се земе предвид предупредувањето од ММФ дека јавниот долг на Македонија не смее да надмине 50 проценти од домашниот бруто-производ, бидејќи државата ќе има проблеми со враќањето на долговите.

– На Македонија ѝ е неопходна власт што ќе работи домаќински, која ќе се грижи за државата и за потребите на граѓаните и прв чекор во таа насока мора да биде носење развоен и транспарентен буџет за 2017 година – се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...