fbpx

СДСМ: Каналите неисчистени, но пари легнале на сметките на фирми блиски до власта

-

Поплавите на површина го извадија неодговорното и криминално работење на власта, кое има огромни последици по безбедноста и сигурноста на граѓаните, обвини денеска членот на извршниот одбор на СДСМ и дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Тој рече дека само во 2014 година, преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, биле исплатени повеќе од 2,5 милиони евра за одржување на каналска мрежа за одводнување и за наводнување на земјоделско земјиште и инвестиции наменети за водостопанство.

Овие пари, како што изјави Николовски, легнале на сметките на фирми блиски до власта.

„Повторно, овие пари легнуваат на сметките на фирмите блиски до владејачката партија. Се работи за следните фирми: „Стентон градба“, која добила близу 400.000 евра, „Силекс неметали“ – близу половина милион евра, „Трансмет“ – близу 700.000 евра, „Жикол“ – повеќе од 800.000 евра. Исто така, во конечниот извештај за финаниското работење за 2014 година на оваа иста агенција, Државниот ревизор констатирa дека близу 3 милиoни евра (или точно 177.183.000 денaри) се исплатени токму преку оваа мерка, без притоа да биде спроведена контрола на самото место и за тоа официјалните контролори на оваа агенција да достават записници“, рече Николовски.

Како што посочи тој, сопствениците на фирмите што ги добиле парите за чистење на каналите, се и сопственици на телевизии, блиски до власта.

„Од парите за чистење на канали, близу 700.000 евра завршиле во фирмата „Трансмет“. Нејзиниот сопственик, Сеад Кочан, на почетокот на оваа година ја отвори и ТВ „Нова“, уште една телевизија на која можат да се слушнат многу пофални зборови за власта. Се работи за „оној што има сеат ибица“, како што би рекол Никола Груевски, а слушнавме во „Вистината за Македонија“. Близу половина милион евра завршиле кај „Силекс неметали“, фирма во сопственост на „Силекс АД Кратово“, која, пак, е сопственост на коалициониот партнер на Груевски, Љубислав Иванов – Ѕинго, чиј син е сопственик и на телевизијата „Сител“. Во време на склучување на договорот со „Силекс неметали“ и исплата на парите, министерот за земјоделство, Михаил Цветков, е член на управниот одбор на „Силекс АД Кратово“. Тоа е класичен судир на интереси, за кој веќе поднесовме кривична пријава и очекуваме разврска“, изјави Николовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...