fbpx

Заев: Ако СЈО престане да функционира, ние ќе продолжиме да ги објавуваме „бомбите“

-

Ако Специјалното јавно обвинителство престане да работи и прислушуваните разговори ги вратат во СДСМ, Зоран Заев ќе продолжи да ги објавува „бомбите“, рече денеска Заев, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на платформата за демократска Македонија.

„Ако биде уништено СЈО и ги вратат материјалите, Зоран Заев ќе продолжи да ги објавува прислушуваните материјали. Истовремено, како што рековме, ќе ги употребиме сите алатки и механизми што ни стојат на располагање. Јас ги замолувам новинарите да ги прашаат Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска и сите други, зошто до ден-денес ги немаат предадено прислушуваните материјали на СЈО. Многу важен момент на кој сите заборавивме. Што стана со странските служби, со шпионажата, со жолтите комбиња, тактичките опреми, каде ги снема? Тоа е само уште еден аргумент плус за безобразието на власта. Власт којашто со овие последни чекори посегнува  да ја спаси прво својата кожа, а секако и да продолжи да ја манипулира јавноста. Вистината е толку силна и незапирлива и таа ќе излезе. Замолувам, ние имаме трпение, да имате и вие трпение“, рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...