fbpx

Почнува проектот за обука на македонски лекари во реномираната индиска болница „Аполо“

-

Владата на Република Македонија и реномираната индиска групација на болници „Аполо“ потпишаа меморандум за соработка во областа на медицината.

Договорот, кој беше потпишан од македонскиот амбасадор во Индија, Тони Атанасовски, и од финансискиот директор на болниците „Аполо“, Ени Мари Монкури, предвидува македонски доктори да одат на обука во Индија, каде ќе бидат обучувани за најнови методи и техники во одделни медицински области.

По потпишувањето на меморандумот, финансискиот директор на „Аполо“, Ени Мари Монкури, го истакна задоволството од почнатата соработка.

– Болниците „Аполо“ се горди што имаат можност да потпишат меморандум за соработка со Македонија. Реформите што ги прави Владата во целиот систем, вклучително и во здравствената заштита, дозволуваат да се има платформа да се прошируваме и растеме заедно. Се радуваме што продолжуваме да работиме и да овозможуваме здравствена заштита низ целиот свет – изјави Мари по потпишувањето на меморандумот.

Предвидено е во текот на оваа година две групи на доктори од Македонија да престојуваат во посета на болниците „Аполо“, од кои првата група треба да замине во текот на втората половина од април, а втората група по завршувањето на летниот период. Првата група на лекари кои ќе ја поминат обуката за усовршување ќе биде составена од седум лица, и тоа по двајца инфектолози и дерматолози, и по еден онколог, анестезиолог и доктор по физикална медицина.

– Лекарите ќе престојуваат во болниците „Аполо“ два-три месеци. Ова е добра можност за стекнување напредни знаења и затоа ги повикуваме сите заинтересирани доктори да се јават во Министерството за здравство со свои апликации и да добијат можност да бидат селектирани и да бидат дел од групата што ќе биде обучувана – изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Групацијата „Аполо“ е најголемиот медицински центар во Индија, кој поседува 50 болници и опслужува 1.500 пациенти дневно. Групацијата е лидер во хирургијата и во трансплантацијата. Процедурите за воспоставување на соработката беа почнати при посетата на премиерот Груевски на Индија во јануари годинава.

– Остваривме средба со компанија која ги има најсилните и најдобрите болници во Индија. Тоа е компанија која во Индија се занимава и со бањски центри. Нивните болници имаат највисоки достигнувања и највисока соработка со најпознатите болници во светот во областа на медицината и во различни области кои се поврзани со роботиката во медицината – изјави премиерот Груевски по средбата со менаџерскиот тим на болницата „Аполо“ во јануари годинава.

Ова е дел од проектот на Владата за размена на медицински кадар и за обука во странство за зајакнување на капацитетите на македонското јавно здравство, низ кој досега повеќе од 1.000 лекари беа испратени на напредни обуки во странски здравствени центри.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Муцунски: Бојкотот на ДУИ не успеа, од утре очекуваме нов претседател

„Отворениот повик за бојкот на ДУИ не успеа“, прогласи потпретседателот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски на прес-конференција во седиштето на партијата. Со оваа...