fbpx

В сабота протест за Тамара во Велес

-

В сабота, во 12 часот, во Младинскиот парк во Велес ќе се одржи нов протест поради смртта на Тамара, на кој ќе се бара оставка од министерот за здравство, Никола Тодоров. Протест требаше да се одржи во неделата, но организаторите го откажаа поради големиот медиумски притисок и обвинувањата кон семејството и кон мајката на Тамара.

– Протестот ќе биде на едно место. Нема да биде пред Фондот за здравство затоа што е на исто место со брза помош, па не би било во ред да го блокираме влезот. На протестот ќе бараме оставка од Тодоров затоа што по оставките на директорите на Фондот за здравство, конечно целото внимание треба да се сврти кон него – вели организаторот Димче Велев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...