fbpx

Груевски: Одлично соработуваме со Ставрески и заедно сме направиле многу дела

-

Министерот Зоран Ставрески вчера одржа прес-конференција и самиот кажа дека автентичноста на разговорите ќе се докажува во една судска постапка, така што не би имал што да додадам надвор од тоа, изјави денеска премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ги коментира вчера објавените разговори меѓу вицепремиерот и министерката Гордана Јанкулоска.

– Ние сме долги години соработници и одлично се познаваме. Многу работи сме ги решиле заедно, низ многу дијалог и дебати и сме доаѓале до најдобро решение, преку многу разговор. Tака што, немаме таков проблем каков што мислите дека имаме, за да се погледнеме и да соработуваме – истакна Груевски.

„Заеднички“, додаде Груевски, „направивме многу дела и проекти и правиме и градиме патишта, автопати, реконструкции и градба на нови болници, театри, отворање нови фабрики“.

– Овозможивме да се случат многу нешта, како зголемување на пензиите, платите, социјалната помош… Tака што и тоа како сме направиле добри дела за да можеме да бидеме горди – истакна Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...