Рекордното зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата во Северна Македонија за 7,42 отсто, предизвика реакции на граѓаните, но не и само од нив. Претседателството на највисоките тела на Сојузот на синдикати на Македонја, коешто се состои од 18 синдикати, ќе се состане во петок за да дискутира и да заземе став за мерките што ќе им ги предложат на властите како одговор на зголемувањето на електрична енергија. Нивните барања, меѓу другото, ќе предвидат зголемување на платите на работниците, пишува „Порталб.мк“.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, во разговор со „Порталб.мк“, во врска со нивната позиција во однос на зголемувањето на цената на струјата, ексклузивно кажа дека во утре тие ќе се соберат и ќе заземат официјален став за ова прашање, што ќе содржи барања и предлог за зголемување на платите за да не им се наштети на работниците.

– Сè што станува поскапо во овој период на пандемија е лоша работа, ќе заземеме заеднички став од 17 синдикати. Бензинот, нафтата и др, поскапуваат секој ден. Во петок ќе се собереме и ќе излеземе со конкретни барања. Ние ќе речеме дека сме против зголемување на цената на електричната енергија, но ќе бараме и реципроцитет да ако се зголеми цената на електричната енергија, треба да се зголемат платите. Ние ќе заземеме став, така што утре не ни речат дека вие само кажавте и толку. Ќе им кажеме, ако ги зголемите цените, треба да се зголеми стандардот. Слушаме како велат дека овој или оној не работи – а всушност сите работат, освен хотелите и кафулињата кои имаат некои правила, другите работат, така да можеме да направиме исклучок во наводници за туризам бидејќи тие навистина не работат – вели за Димовски.

Во врска со тоа што зголемувањето на цената на електричната енергија е направена поради барањето на компаниите ЕЛЕМ и МЕПСО, Димовски вели дека компаниите треба да работат со свој капитал и да не им штетат на работниците.

– Компаниите направија капитал со работата на работниците, а сега велат дека сме блокирани. Направивме капитал? дали издвоивме средства на страна?, е сега треба да се користат тие средства. Не е целта, на пример, капиталот се зголеми за 300 отсто, додека платите се зголемени за да речеме 25 отсто. Мора да интервенираме во колективните договори со зголемување на животниот стандард – рече Димовски.

Тој не ја исклучува и можноста за протести и штрајкови ако не бидат прифатени нивните барања.

– Првично ќе предложиме, ако тие не го земат предвид, тогаш ќе ги предупредиме за протести и штрајкови – така се врши синдикален притисок, но дефинитивно мора да им кажеме дека вие го направивте ова, а одговор на тоа што го направивте вие е ова, и ќе им ги кажеме барањата – вели Димовски.

Зголемување на цената на струјата – проблем на сите граѓани

Професорката и граѓанска активистка Мирјана Најчевска, која истовремено е и член на Националниот независен синдикат, за „Порталб.мк“ изјави дека зголемувањето на електричната енергија не е соодветно, а пак, според неа, најавените протести треба да ги обединат сите граѓани, бидејќи ова зголемување е на штета на сите.

– Дефинитивно сметам дека е несоодветно, не само поради моментот, но какво и да е зголемувањето на цената на електричната енергија, не ставајќи го тоа како во контекст на она што претставува социјална сиромаштија, можности на граѓаните и висина на нивниот приход и во контекст на тоа колку овие претпријатија кои бараат зголемување на електричната енергија придонеле или овозможиле употреба на други видови на енергија, како што се сончева енергија, ветер или отпад, со цел да се обезбедат извори на енергија што би биле соодветни за можностите на граѓани – посочува таа.

Професорката Најчевска вели дека не ѝ се допаѓа тоа што како и другпат протестите не се организираат и не се прават на начин што ќе докажат дека сето тоа подеднакво влијае врз граѓаните.

– Протестите не ги обединуваат сите граѓани и не го креваат гласот на граѓаните, кои се погодени од ова зголемување. Имам впечаток дека овие протести се одвиваат на начин што повеќе одговара на некои партиски структури отколку што се вистински граѓански и даваат граѓански одговор на ситуацијата. Ова е генерален проблем и сите треба да застанат и да се спротивстават на оваа ситуација, но имам впечаток дека сето тоа ќе оди на бранови во зависност од тоа која политичка партија ќе го фати. Ова е проблем што треба да ги обедини сите и да има протести на места каде што има македонско мнозинство, а не само во Тетово, Чаир и Гостивар – оценува Најчевска.

Од друга страна, директорката на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска, во изјава за „Порталб.мк“ истакнува дека тие реагирале за електричната енергија и го поддржуваат секој демократски протест што претставува граѓански револт.

– Ние сме против зголемувањето на цената на електричната енергија и ние го поддржуваме. Ние секогаш ги поддржуваме сите демократски форми на револт од страна на граѓаните. Како и да е, ќе ја следиме состојбата за да видиме како ќе се одвиваат работите, па затоа официјално го правиме официјализирање, прво заради однесувањето на полицијата. Секако ние сме „за“ протестот“ – рече Пировска.

Инаку, решението на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за зголемување на цената на електричната енергија е скандалозна, уште поскандалозен беше обидот на носителите на одлуки да ги убедат жителите дека Северна Македонија има најниска цена во Европа. Цената на електричната енергија треба да се спореди со просечната месечна плата, а кога ќе се направи оваа споредба, излегува дека имаме една од најскапите цени во Европа.

Исто така, останува нејасно методологијата за тоа како се пресметува цената и како се контролира имплементацијата на истата со цел да се обезбеди најреална цена, која исто така зема во предвид колку се задоволни граѓаните со услугата што ја добиваат од дистрибутивните компании.

По зголемувањето на цената, најавени се протести во Тетово, Гостивар, Куманово и Чаир за денешниот ден, со почеток од 19:00 часот. Невладините организации и синдикатите реагираа, нарекувајќи ја одлуката скандалозна и бараат веднаш да се повлече. Реагираше и коалицијата Aлијанса за Албанците-Aлтернатива, барајќи МЕПСО и ЕЛЕМ да се откажат од зголемувањето на цената на електричната енергија и истовремено да ја намалат цената за 20 отсто. Покрај нив, имаше и серија реакции на граѓаните на социјалните мрежи.