понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Мирјана Најчевска | 13 резултати

Синдикатите со одговор на поскапувањето на струјата – ако не се зголемат платите, во протести и штрајкови

август 6, 2020

Рекордното зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата во Северна Македонија за 7,42 отсто, предизвика реакции на граѓаните, но не и само од нив. Претседателството на највисоките тела на Сојузот на синдикати на Македонја, коешто се состои од 18 синдикати, ќе се состане во петок за да дискутира и да заземе став за мерките […]

Најчевска поднесе оставка од Советот за реформа на правосудниот сектор

јануари 6, 2018

Професорката Мирјана Најчевска поднесе оставка од членувањето во Советот за реформа на правосудниот сектор, а за тоа ги информирала министерот за правда и членовите на Советот. „Изминатиот период јасно покажа дека ова тело е формирано само како параван за решенија кои се носат на друго место и служи за создавање лажна слика дека некаков експертски тим […]

По тензичниот почеток, напредок на седницата на Советот за реформи во правосудството

декември 19, 2017

Професорот Љубомир Фрчкоски оцени дека денешната седница на Советот за реформи во правосудството била „тензично-конструктивна“ и оти е постигнат напредок со формирање на работна група за дефинирање на правилата на работа на Советот. Работната група, со која ќе раководи професорката Мирјана Најчевска, треба до крајот на месецов да ги изготви и предложи правилата. Сепак, Фрчковски […]

Хелсиншкиот комитет бара од медиумите и од СОС да ги повлечат статиите и да се извинат

февруари 6, 2017

ВМРО-ДПМНЕ врши директен атак врз кредибилитетот и врз угледот на Хелсиншкиот комитет и на бранителите на човекови права, реагира Хелсиншкиот комитет за човекови права во својот демант на тврдењата изнесени на прес-конференцијата во саботата од Цветин Чилиманов, Ненад Мирчевски и од Никола Србов. Комитетот побара од медиумите што објавиле статија под наслов „Организациите на Сорос со […]

Новиот судија во Стразбур се правда, а за Најчевска одлуката е „срамна и бедна“

октомври 12, 2016

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) вчера со 106 гласа „за“ го избра шефот на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Јован Илиевски, за нов судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур од Македонија. Уставната судијка, Нашата Габер-Дамјановска, на која Комисијата за избор на судии пред 10 дена ѝ даде […]

Герила-акција пред домот на Бејли: „Граѓаните ќе ја решат кризата!“

јули 18, 2016

Претставници на „Шарена револуција“ имаа герила-акција пред резиденцијата на САД во Скопје, каде што се одржуваат преговорите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино. На улицата пред куќата каде што живее амбасадорот на САД, Џес Бејли, тие со црн спреј испишаа „Граѓаните ќе ја решат кризата!“. Од граѓанскиот сектор, пак, побараа претставниците на граѓаните […]

Најчевска го обои влезот на полициската станица „Беко“

мај 25, 2016

Професорката Мирјана Најчевска утринава се појави на информативен разговор, а пред полициската станица „Беко“ во Скопје, го офарба влезот. На полициски распит денеска е повикана и извршната директорка на Хелсиншки комитет, Уранија Пировска. Неколку десетици граѓани утринава се собраа пред станицата за да им дадат поддршка на Пировска и Најчевска и да го изразат револтот од […]

„ЦИВИЛ“: Да престане политичкиот прогон на активистите за човекови права

мај 24, 2016

ЦИВИЛ Центар за слобода „ЦИВИЛ“ денеска ги осуди сите постапки со кои се газат слободата на изразување и правото на протест и изрази солидарност со сите активисти за човекови права кои се под репресија на власта. Од организацијата побараа политички монтираните процеси, притисоците и заканите во кои се инволвирани институциите мора да престанат еднаш за […]

По Пировска, и Најчевска повикана во полиција да даде изјава

мај 24, 2016

Професорката Мирјана Најчевска денеска за „Мета“ потврди дека добила покана утре да се појави на полициската станица „Беко“ да даде изјава. – Не знам за што ме товарат. Не сум направила ништо што е надвор од тоа што претставува мирно протестирање. Најверојатно власта очекува демонстрациите да станат насилни. По еден месец протестирање демонстрациите се уште […]

Страна 1 од 1