Ниту една компанија не е заинтересирана да ја урне дивоградбата пред ТЦ „Мавровка“

-

Уривањето на дивоградбата што започна да се гради пред трговскиот центар „Мавровка“ нема да се одвива едноставно и брзо како што се очекуваше, пишува „Порталб.мк“. На постапката за избор на економски оператор што ќе ја руши дивоградбата не се јави ниту една компанија. Поради ова, рушењето на објектот без одобрение за градење ќе биде одложено уште повеќе, бидејќи треба да следат постапки предвидени со Законот за јавни набавки во случаи како овој, кога нема пријавено заинтересирани компании.

Од Општина Чаир за „Порталб.мк“ информираат дека утре ќе отворат нова постапка за избор на економски оператор што треба да го спроведе рушењето, со рок од седум дена за да се достават понуди. Ако и на вториот повик не се јави заинтересирана компанија, тогаш според законот следува постапката за преговори, каде на операторите им се испраќа директна покана.

„Директна покана ќе биде испратена до економските оператори кои се занимаваат со таа активност. Но, тоа ќе се случи дури откако ќе се исцрпи можноста од две редовни процедури“, велат од Општина Чаир.

Во меѓувреме, сè уште е непознат инвеститорот кој започна со изградба на објект без одобрение за градење пред трговскиот центар „Мавровка“. По извршените инспекции извршени од инспекторите, било заклучено дека изведбата се врши нелегално, меѓутоа, Општина Чаир, „не успеала да утврди кој стои зад овие градби“.

Одлуката за отстранување на објектот од страна на инспекторите беше издадена на 10 јули, но при вршењето инспекциски контроли и обидите да го достават решението, инспекторите во објектот среќавале само работници кои не ја преземале одговорноста да го примат решението. Затоа, општината е принудена да следи други законски процедури.

На 22 јули, Општина Чаир го објави барањето за рушење на објектот во два дневни весника, оставајќи простор инвеститорот да го отстрани објектот 8 дена по објавувањето. Сепак, тој сè уште не се појавил и на овој начин општината е должна да го сруши објектот.

Во врска со ова прашање, реагираше и Град Скопје, кој во првиот момент откако ја добил информацијата дека нешто се гради на таа локација, го испрати скопскиот инспекторат на терен да ја провери терасата, но кога виделе дека се работи за градба, го информирале Државниот инспекторат и Општина Чаир.

И Министерството за внатрешни работи презема и активности за да потврди дали има елементи на кривично дело и го извести Јавното обвинителство за овие активности.

Во меѓувреме, Обвинителството отвори предистражна постапка и заедно со полицијата побараа од Катастарот информации за сопственоста на парцелите пред ТЦ „Мавровка“.

Предметниот објект се гради на локацијата каде што претходно се наоѓаше барот „Фонтана“, кој пред неколку месеци беше зафатен од пожар. Пожарот зафати сè, оставајќи го само скелетот на металната конструкција на локалот во близина на споменикот на Хасан Приштина.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...