fbpx

Протест на вработените во финансии поради намалените 30 отсто на додатоците на плата

Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, побара од претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, да им одговори како тоа во најбрз можен рок се зема иницијативата поведена од граѓанинот против член 66 став 3 од Законот за буџетите, со која се донесе привремена мерка и за која на вработените од Министерството за финансии и на сите органи нема веќе да им се исплаќа дополнувањето на платата од 30 отсто

-

Вработени во Министерството за финансии денеска протестираа пред зградата на Уставниот суд, по одлуката со која се замрзна исплатата на надополнувањето на основната плата за 30 отсто на вработените во Министерството и во другите органи на управата, кои се опфатени со автентичното толкување.

Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, побара од претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, да им одговори како тоа во најбрз можен рок се зема иницијативата поведена од граѓанинот против член 66 став 3 од Законот за буџетите, со која се донесе привремена мерка и за која на вработените од Министерството за финансии и на сите органи нема веќе да им се исплаќа дополнувањето на платата од 30 отсто.

„Дали имаат закон, дали имаат колективен договор или по некој друг подзаконски акт се зема плата? И дали и кога ќе бидат земени во работа сите иницијативи кои се поднесени од сите синдикати за платите на уставните судии. До кога во нашата држава кадија те тужи, кадија те суди системот ќе функционира. Како можеше уставните судии да си изгласаат покачување 78 проценти на нивните плати кои тогаш беа 50 проценти поголеми од нашите, а сега нивните плати се 10 пати поголеми од платите на вработените во Министерството за финансии, Бирото за јавни набавки и Управата за имотно правни работи?“, праша Деаноски.

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска изјави дека во конкретниот предмет, било нарушено владеењето на правото со категоријата вработени што добиле, не додатоци, туку дополнување на платите.

„Вработените немаат утврдено такво право, ниту во законот ниту во колективниот договор. Член 9 од Уставот вели дека граѓаните се еднакви. Тука е опфатена само една група вработени“, рече Кацарска.

На прашањето зошто толку бргу реагирале во овој случај, Кацарска рече дека не може да става знак за равенство за секој предмет.

Со одлуката на Уставниот суд, декемвриската плата на вработените во Министерството за финансии, во УЈП, Царинска управа, Државен девизен инспекторат, Бирото за јавни набавки, Управа за спречување перење пари и финансирање на тероризмот, Управата за финансиска полиција ќе биде за 30 отсто пониска, откако беше поведена постапка за оценување на уставноста на членот 66 став 3 и став 4 од Законот за буџети.

Ова значи дека во оваа фаза Уставниот суд изразува сомнеж во уставноста на сегашното посебно правило со кое се исплаќаат 30% како надополнување на основната плата на вработените во финансиските институции наведени во Автентичното толкување на Собранието.

Уставен суд: 30 отсто пониска плата за вработените во финансиските институции

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...