fbpx

Уставен суд: 30 отсто пониска плата за вработените во финансиските институции

Уставниот суд изразува сомнеж во уставноста на сегашното посебно правило со кое се исплаќаат 30% како надополнување на основната плата на вработените во Министерството за финансии, во Управата за јавни приходи, Царинска управа, Државен девизен инспекторат, Бирото за јавни набавки, Управа за спречување перење пари и финансирање на тероризмот, Управата за финансиска полиција

-

Декемвриската плата на вработените во Министерството за финансии, во Управата за јавни приходи, Царинска управа, Државен девизен инспекторат, Бирото за јавни набавки, Управа за спречување перење пари и финансирање на тероризмот, Управата за финансиска полиција ќе биде за 30 отсто пониска, откако Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за оценување на уставноста на членот 66 став 3 и став 4 од Законот за буџети.

Ова значи дека во оваа фаза Уставниот суд изразува сомнеж во уставноста на сегашното посебно правило со кое се исплаќаат 30% како надополнување на основната плата на вработените во Министерството за финансии, во Управата за јавни приходи, Царинска управа, Државен девизен инспекторат, Бирото за јавни набавки, Управа за спречување перење пари и финансирање на тероризмот, Управата за финансиска полиција, наведени во Автентичното толкување на Собранието.

Иако станува збор за поведување постапка, судот на седницата одлучил да се запре извршувањето на сите поединечни акти, односно до конечната одлука на Уставниот суд, не може да се вршат исплати или надополнување на плата во износ од 30% на конкретните вработени.

„Времената мерка важи од денот на донесување, од денеска. Се работи за буџетски пари, затоа е и донесена времената мерка“, велат од Уставниот суд.

Според одлуката, предвидување на исплата на оној начин без претходно да се утврди такво право во закон за вработените, е спротивно на владеењето на правото како темелна вредност и во спротивност со член 32 став 5 од Уставот, според кој остварувањето на правата на вработените се уредуваат со Закон и колективен договор.

„Од друга страна Судот цени дека со одредбата неосновано е уредено посебна група на вработени да добиваат определен износ изразен во проценти, врз основа на исплата на специфичните задачи и посебната одговорност. Што значи дека со оваа одредба се ставаат во повластена положба само вработените кои се опфатени во оспорениот член и Автентичното толкување, наспроти сите други вработени кај буџетските корисници“, велат од Уставниот суд.

Дополнително, одредбата, според Уставниот суд содржи правни поими кои се нејасни и неразбирливи и недефинирани со ниту еден закон, како што е изразот „надополнување на плата”, бидејќи во Законите постои додаток на плата, а не е познато каква категорија е надополнувањето.

Иницијативата до Уставниот суд била поднесена од страна на Мирослав Драганов од Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...