fbpx

Шилегов: Нарачана, криминална и срамна е пресудата за насилниците во Собранието

-

„Искрено се надевам дека никој кој учествувал во оваа партиски нарачана пресуда, нема да го доживее она што го доживеаја пратениците на СДСМ и парламентарното мнозинство, на нивните работни места да бидат нападнати од толпа, за да знаат дека ваквите пресуди што ги донесоа се криминал, срам и можеби еден од најцрните денови во историјата на македонското судство,“ одговори портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов на новинарско прашање во врска со денeшната одлука на Основен суд Скопје 1, сите деветмина обвинети за насилствата во Собранието на 27 април да добијат условни казни.

Тој додаде дека разговорите за состав на владата се во тек, но засега нема што да споделат со јавноста.

„Преговорите траат на сите нивоа, тоа можете да го видите и во текот на вчерашниот ден, како и во текот на денешниот ден, сите активности што ќе се одвиваат, ќе ги обелодениме,“ додаде Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...