fbpx

СДММ: Ректорот Стојковски и градоначалникот Трајановски веднаш да си поднесат оставки

-

Социјалдемократската младина на Македонија побара од ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски, и од градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, веднаш да си поднесат оставки.

– Трајановски подмолно, среде ноќ, исече 47 децениски дрвја во кампусот на УКИМ, затоа што знаеше дека тоа нема да смее да го направи преку ден. Трајановски направи упад во просторот и во автономијата на Универзитетот. Со тоа дополнително го загрози и здравјето на студентите. Ректорот Велимир Стојковски го дозволи тоа – вели Ана Манасиева, член на извршниот одобор на СДММ.

Од СДММ обвинуваат дека грижата на ректорот Стојковски не се интересите на студентите, а на градоначалниот Трајковски не се интересите на граѓаните, нивното здравје и зеленилото.

– Трајановски и Стојковски се слепи послушници на Никола Груевски, кој заедно со фамилијата профитира од барокните тендер-политики. Студентите велат збогум на Стојковски и на Трајановски. Збогум на Груевски и на неговото друштво – додава Манасиева.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...