Пациентка со симптоми на ковид-19 се пренесува преку службата за итна медицинска помош | Фото: Арбнора Мемети

Во последните 24 часа се направени 2.634 тестирања, а регистрирани се 640 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-272, Куманово-43, Дебар-5, Штип-17, Прилеп-41, Тетово-41, Струга-4, Велес-11, Битола-10, Охрид-24, Кавадарци-41, Гостивар-12, Гевгелија-11, Струмица-24, Крива Паланка-2, Радовиш-9, Кочани-20, Пробиштип-3, Берово-2, Валандово-3, Виница-4, Делчево-3, Свети Николе-7, Кичево-17, Ресен-4, Неготино-10, информираат од Министерството за здравство.

Во Скопје и натаму има најголем број (3.174) активни случаи, од кои најголем дел се од општина Аеродром (631), Карпош (511), Центар (484), Гази баба (379) и Кисела вода (366).

Од Министерството за здравство соопштија дека во болнички услови починати се 12 лица, двајца пациенти од Велес (79 и 89г), седум пациенти од Скопје (63, 78, 70, 73, 70, 71 и 64г), еден пациент од Прилеп (73г), еден од Штип (72г) и еден пациент од Струмица (85г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 143 оздравени пациенти од: Скопје-71, Куманово-5 Дебар-1, Штип-7, Тетово-10, Струга-4, Велес-2, Битола-3, Охрид-3, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-2, Струмица-9, Радовиш-1, Кочани-6, Берово-3, Валандово-3, Свети Николе-2, Кичево-1, Неготино-2.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 20 пациенти, каде вкупно се хоспитализирани 115 пациенти. Нема пациенти на механичка вентилација, а на кислородна поддршка се 90 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 7 деца и 5 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 43, а во болницата во Штип се 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 262, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25.473, а бројката на оздравени пациенти е 18.047. Починаа  874 лица, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6.552.