Министерството за здравство (МЗ), соопшти дека во последните 24 часа се направени 6.980 тестирањa, а регистрирани се 805 нови случаи на ковид-19. Тоа е рекорд во последните неколку месеци.
Од новите 805 случаи, од Скопје се 240 пациенти , Гостивар – 138, Тетово – 136, Куманово – 53, Струмица – 50, Кичево – 46, Охрид – 32, Дебар – 18, Битола и Струга – по 15, Велес – 13, Кавадарци – 9, Прилеп и Свети Николе – по 7, Штип – 6, Кочани, Ресен и Радовиш – по 4, Берово и Виница – по 2, Валандово, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 77 оздравени пациенти од: Гостивар – 33, Скопје – 21, Дебар – 10, Куманово – 4, Струмица – 3, Кавадарци – 2, Кичево, Битола, Виница и Кочани – по 1.
Пријавени се 10 починати лица: 4 починати лица од Тетово (53 г, 72 г,72 г и 7 3г), 2 од Кичево (28 г и 53 г), и по едно починато лице од Гостивар (44г ), Скопје (56 г), Дебар (86 г) и Куманово (60 г). Сите се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.062.292 тестирања на ковид-19, а вкупната бројка на случаи од почетокот на епидемијата изнесува 162.164, бројката на оздравени пациенти е 150.851, на починати е 5.552, а бројот на активни случаи изнесува 5.761.