fbpx

Расте бројот на хоспитализации, во ковид центрите низ земјава се лекуваат 1.329 пациенти

-

Бројот на хоспитализирани лица во ковид центрите низ земјава продолжува да расте. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.329, информираат од Министерството за здравство. Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид центарот на Клиниката за Пластична хирургија во Скопје.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 59 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 578 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 29 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 примени пациенти и 1 бил примен на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 4 нови пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 21 оздравен пациент.

Од Министерството за здравство информираат дека бројките на хоспитализирани пациенти се менуваат од час во час, а во Скопје утрово до 8 часот имало 45 слободни места и се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Низ целата земја, во моментов во ковид центрите има околу 300 слободни места за сместување на заболените лица со ковид-19.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 751 пациент позитивен и суспектен на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 77 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 31 пациент, во Велес се лекуваат 62 болни, а во Куманово 104 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 92 пациенти, во Прилеп 119, во ковид центарот во Гостивар 35, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 45 пациенти, во Кочани 9, во Кичево 10, Кавадарци 72, а во Гевгелија 20 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...