fbpx

СДСМ денеска гласа „за“ или „против“ реизбор на Заев за нејзин претседател

-

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска на први, директни внатрепартиски избори го избира идниот претседател на партијата. Во 80-те општински изборни комисии низ државата, на 237 избирачки места, во периодот од 8 до 19 часот, гласаат 68.999 членови на партијата, кои се пријавиле за гласање на изборите.

Единствен кандидат за претседател на СДСМ е актуелниот претседател и досегашен лидер на владејачката партија, Зоран Заев. На гласачкото ливче, членовите на партијата ќе можат да заокружат „за“ или „против“ реизбор на Заев на чело на партијата. Неговиот избор за нов мандат да ја води партијата е речиси сигурен, но останува да се види процентот на излезност на членовите на партијата до крајот на денот и колку членови би гласале „против“ неговиот реизбор.

Од СДСМ велат дека првите, директни внатрепартиски избори во нивната партија се врв на внатрепартиската демократија, којшто за прв пат се случува во историјата на нашата земја.

„Ова е нова, додадена вредност, нов стандард на македонската политичка сцена, поставен од најдемократската, најпрогресивната и најмодерната партија-СДСМ“, велат од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...