fbpx

Рама ја обвини опозицијата за блокирање на судските реформи

-

На денешната собраниска седница во албанскиот парламент, власта и опозицијата расправаа за буџетот за 2017 година, но и за почнувањето на преговорите со Европската Унија и за спроведувањето на судските реформи, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана.

Поранешниот лидер на Демократската партија, Сали Бериша, изјави дека Европската Унија нема да ги почне преговорите за членство на Албанија сè додека премиерот Еди Рама е на власт.

Тој се осврна на петте услови поставени од германската канцеларка Ангела Меркел за време на нејзината последна заедничка прес-конференција со Рама, која се одржа во Берлин.

Од друга страна, Рама посочи дека преговорите ќе почнат со почетокот на процесот на темелна проверка на реформите.

– Сè додека опозицијата го блокира овој процес, нема да почнат преговорите со ЕУ – додаде Рама.

Тој заклучи дека дека вистински сојузници на опозицијата се корумпираните судии во судскиот систем.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...