Првото невистинито тврдење е дека Ангела Меркел е ќерка на Хитлер. Адолф Хитлер почина на 30 април 1945 година. Ангела Меркел е родена на 17 јули 1954 година и е ќерка на Хорст Каснер, пастор во протестантска црква. Оттаму, невозможно е Меркел да биде ќерка на Хитлер, со оглед на тоа што таа е родена девет години по неговата смрт. Барак Обама, пак, е израснат од неговата мајка Стенли Ан Дунхам и неговите баба и дедо по мајка, Маделин и Стенли Дунхам. Семејното дрво на Обама по мајка, се состои претежно од англиски претци, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.
Текстот подолу го пренесуваме во целост:
Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се тврди дека поранешниот претседател на САД, Барак Обама, е внук на Адолф Хитлер. Дополнително, во објавата се додава дека Обама бил уапсен на третиот обид за атентат на Доналд Трамп, по што наводно бил убиен затоа што „прекинал со соработка”. Авторот на постот додава дека денеска Обама се прикажува како графичка анимација и активен клон.
Во состав на постот споделена е и фотографија на која на англиски јазик пишува дека мајката на Обама е „производ на авантура меѓу Хитлер и домаќинка во Аргентина, што значи дека Обама е внук на Хитлер, а Ангела Меркел е ќерка на Хитлер и тетка на Обама”.
Првото невистинито тврдење е дека Ангела Меркел е ќерка на Хитлер. Адолф Хитлер почина на 30 април 1945 година. Ангела Меркел е родена на 17 јули 1954 година и е ќерка на Хорст Каснер, пастор во протестантска црква.
Оттаму, невозможно е Меркел да биде ќерка на Хитлер, со оглед на тоа што таа е родена девет години по неговата смрт.
Барак Обама, пак, е израснат од неговата мајка Стенли Ан Дунхам и неговите баба и дедо по мајка, Маделин и Стенли Дунхам.
Семејното дрво на Обама по мајка, се состои претежно од англиски претци, а мал дел од нив имаат потекло од Германија, Шкотска, Ирска и Швајцарија.
Дедо по мајка на Обама е Стенли Дунхам, а не Хитлер. Тој бил полковник во американската армија за време на Втората светска војна, веднаш по нападите на Перл Харбор. Тој и неговата сопруга, Марелин Дунхам го израснале Обама во Хонолулу, Хаваи.
Дедо по татко на Обама е Онјанго Обама. Онјанго работел како готвач и локален хербалист, а за него е познато дека конвертирал во римокатолицизам рано во животот. Баба по татко на Обама е Акуму Нјаџога. Во неговиот мемоар Обама пишува дека Акуму била несреќна во бракот и го напуштила Онјанго и децата, по што се премажила и се преселила во Танзанија.
Поранешниот претседател на САД, Барак Обама секојдневно е активен на социјалната мрежа Фејсбук, каде објавува свои политички ставови, активно учествува во споделување гледишта за меѓународната и домашната американска политика и се појавува во јавноста. Никаде не е објавено дека имало трет обид за атентат врз Доналд Трамп, а дека Обама бил уапсен за атентатот по што го заменува клон. Доколку Обама бил одговорен за атентат врз Трамп, тоа би било светска вест. Меѓутоа, бидејќи нема докази за такво нешто, ова останува во доменот на податоци кои немаат допирна точка со реалноста и не се темелат на факти.
За Обама низ годините се ширеа низа дезинформации меѓу кои дека бил шпиун или пак дека бил уапсен.
Дел од теориите на заговор вклучуваа дезинформации дека Обама е син на Малком Екс, на Френк Маршал Дејвис итн.
Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина дека Обама е внук на Хитлер, дека бил уапсен по трет обид за атентат врз Трамп, по што бил убиен и заменет со клон. Водно, не е вистина ниту дека Ангела Меркел е ќерка на Хитлер.