fbpx

Протест на бегалците во Идомени

-

Бегалците што престојуваат во импровизираниот камп кај Идомени одржаа нови протести на македонско-грчката граница, со барање таа да се отвори. Ситуацијата на границата беше тензична откако група бегалци се обидоа да постават шатор на железничката пруга. Ситуацијата кулминира кога грчката полиција го тргна шаторот, по што некои од бегалците почнаа да фрлаат камења по полицијата.

Шаторот беше тргнат, а по тензиите бегалците продолжија со мирен протест седнати на пругата пред оградата на македонско-грчката граница.

Според весникот „Прото тема“, атмосферата во кампот била тензична од изутринава, кога голема група бегалци се собрале околу канцеларијата на УНХЦР.

Во кампот во Идомени има 10.124 лица според официјалните бројки на грчката влада.

Министерот за миграција, Јанис Музалас, во интервју за грчката државна информативна агенција АПЕ, денеска изјави дека кампот во Идомени мора да се испразни.

– Идомени мора и ќе се испразни. Следните денови ќе се интензивираат интервенциите во регионот, ќе се интензивира обидот за дијалог, ќе се креираат нови места во бегалските центри и ќе зајакне контролата кој влегува и што прави во Идомени – изјавил Музалас за АПЕ.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...