fbpx

Давутоглу потврди – заминува од премиерската функција

-

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска потврди дека заминува од позицијата претседател на владата.

Давутоглу рече дека на претстојниот конгрес нема да се кандидира за претседател на владејачката Партија на правдата и на развојот, што автоматски и по статутот на партијата значи дека не може да биде ниту премиер, затоа што двете функции се поврзани.

– Одлучив дека за единство на партијата, соодветна е промена на премиерот. Нема да се кандидирам (за претседател на партијата) на конгресот на 22 мај – рече Давутоглу.

Актуелниот премиер, чии ставови се различни од тие на претседателот Реџеп Таип Ердоган, го најави заминувањето по состанокот на раководството владејачката АКП, која доминира на турската политичка сцена од 2002 година.

Неговата одлука, која отвора пат за Ердоган да ја зацврсти својата власт, сепак не стапува веднаш на сила. Партијата ќе одржи вонреден конгрес на 22 мај, кога ќе биде избран новиот партиски лидер, кој ќе биде и премиер.

Давутоглу демантираше дека постои каков било судир со претседателот Ердоган и рече дека никогаш нема да дозволи да се изнесуваат шпекулации за тоа. Тој навести дека не планира да излезе од партијата и рече дека ќе ја „продолжи борбата“ како пратеник на владејачката партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...