fbpx

Потона брод со бегалци крај турскиот брег, 12 загинати

-

Дванаесет лица се удавиле, а 25 се спасени кога брод кој пренесувал бегалци потонал во близина на турското крајбрежје, јавуваат светските агенции.

Според информациите, турската крајбрежна стража ги извлекла телата од дрвен брод, кој пловел од турскиот град Ајвалика кон грчкиот остров Лезбос. Сè уште нема информации за потеклото на бегалците кои се превезувале во бродот.

Повеќе од 3.000 бегалци и мигранти ги загубија животите оваа година во обид да стигнат во Европа преку Средоземно Море.

Европската унија (ЕУ) и Турција во петокот оваа недела, постигнаа договор кој треба да го запре бранот бегалци што доаѓаат во Европа. Сепак, според некои информации, остварувањето на договореното е неизвесно бидејќи Анкара тврди дека ЕУ понудила премалку пари за загрижување на околу 2,5 милиони бегалци од Сирија, кои се наоѓаат во Турција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...