fbpx

Ел Нињо предизвика големо невреме во Калифорнија

-

Глобалниот атмосферско-океански феномен Ел Нињо ја погоди американската сојузна држава Калифорнија и предизвика невреме, проследено со бури, како и лизгање на земјиштето, пораст на водостојот на реките и помали поплави, јавуваат медиумите.

Според информациите, околу 200 возила биле заглавени на патиштата во средниот дел на Калифорнија, поради големи слоеви кал од одрони што ги покриле коловозите.

Сепак, според прогнозите на метеоролошките експерти, Ел Нињо нема да го реши проблемот на Калифорнија со рекордната суша, со која оваа сојузна држава на САД се бори веќе четири години.

Ел Нињо треба да трае до пролетта, следната година, а според прогнозите, би можел да биде еден од најсилните во историјата, откако се следи оваа појава, а која се јавува на секои четири до 12 години, како резултат на загревање на површината на океанот во екваторијалниот Пацифик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не бев во бегство, тврди Палевски, откако му беше одреден притвор од 30 дена

„Не сум бил во бество и не смеам да зборувам поради истрагата“, изјави пред новинарите првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо кога со...