Таг: Калифорнија
таг: Калифорнија
Бројот на загинати во пожарите во Лос Анџелес се искачи на 24, се очекува ветрот да се засили
По викендот поминат во обиди да се спречи експлозивниот пораст на пожарите кои уништија илјадници домови и земаа најмалку 24 жртви во околината на Лос Анџелес, пожарникарите имаа кратка можност да одморат откако се потсмири ветрот што го шири огнот, но прогнозата за следниот период не е поволна.
Доколку навистина се засилат ветровите, веќе изгорените домови и долини би можеле...
Кои се најновите информации за пожарите во Лос Анџелес и што ги предизвика?
Најголемиот од четирите пожари, оној во областа Палисадес сега е проширен на повеќе од 20.000 хектари, иако пожарникарите постигнаа скромен напредок во контролата над огнот, објави Би-Би-Си.
Пожарот се движи кон исток, загрозувајќи го ексклузивниот кварт Брентвуд, дом на Гети Центарот, светски познатиот уметнички музеј кој сега е евакуиран. Студентите од блискиот Универзитет во Калифорнија, Лос Анџелес, чекаат ажурирања...
Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија
Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан.
Се проценува дека имало од 300 до 500 демонстранти во кампот, додека уште околу 2.000 се собрале надвор од барикадите во знак на поддршка за студентите.
Полиција стоела на периферијата на шаторите со часови...
Погрешно се толкува новиот закон во Калифорнија за старателство врз децата
Новиот закон во Калифорнија не значи дека родителите ќе го изгубат старателството ако не прифатат транзиција на полот на нивното дете. Калифорнија е заговорник за споделено родителство и споделено старателство, а во одлучувањето за секое дете поединечно од страна на судовите ќе се земаат предвид бројни фактори, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.
Текстот подолу го пренесуваме во целост:
Рецензираме објава на...
Калифорнија тужи пет нафтени гиганти како главни виновници за климатските промени
Американската сојузна држава Калифорнија подигна обемна тужба против нафтените гиганти „ЕксонМобајл“, „Шелл“, „Би-пи“, „КонокоФилипс„ и „Шеврон“, како и против Американскиот нафтен институт (АПИ), а поради повеќедецениско потценување на сознанието дека употребата на нафтени горива предизвикува климатски промени, пренесува Си-ен-ен.
Тужбата, која ја поднел државниот јавен обвинител Роб Бонта во Врховниот суд на округот Сан Франциско, тврди дека обвинетите создале непријатности...
Калифорнија окована во студ: Снежни врнежи во Лос Анџелес и Холивуд
Снежни врнежи се регистрирани во Лос Анџелес, Холивуд и други населени места во јужните делови на Калифорнија, додека во Сан Франциско е измерена најниска температура во изминативе 132 години, јавува Би-би-си. Во Сан Франциско во петокот наутро е измерена рекордно ниска температура од 4 Целзиусови степени.
Американските метеоролошки служби издадоа предупредување за снежна бура, ветер и поплави за десетици милиони...
Силен земјотрес ја погоди Калифорнија, десетици илјади лица се без струја
Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа Еурека во Северна Калифорнија рано во вторникот, јавува Си-ен-ен. Според Американскиот геолошки институт, земјотресот ги разбудил луѓето од сон, притоа оставајќи илјадници луѓе без струја и оштетувајќи најмалку еден мост.
Земјотресот се случил во 2:34 часот по полноќ и бил со епицентар во Пацификот веднаш до брегот на...
Дезинформации поврзани со неодамнешните пожари во земјата и светот
Иако пожарите се трагични настани, сепак, креаторите на лажни вести не ја пропуштија можноста и од вакви несреќи да извлечат корист, пишува „КриТинк.мк“ во анализата „Топ-7 дезинформации за неодамнешните пожари во земјава и светот“.
Ова лето се случија два огромни пожара во светот, гореше Сибир и гореше шумата во Амазон, а во Македонија гореше во Велес и Катланово. Паралелно со...
Калифорнија ќе забрани продажба на не-електрични возила во 2040 година
Секое ново возило што ќе се продава во Калифорнија од 2040 година ќе мора да биде електрично, односно воопшто да не испушта загадувачки гасови и честички, пропишува новиот предлог-закон што оваа седмица влезе во процедура во парламентот на сојузната американска држава.
Предвидената забрана е поднесена од пратеникот Фил Тинг од Сан Франциско и е усогласена со целта на гувернерот на...
Во пожарите во Калифорнија 80 загинати и повеќе од 1.200 исчезнати
Бројот на исчезнати лица во големите пожари што ја зафатија Калифорнија од 8 ноември, ноќеска се искачи до повеќе од 1.200 луѓе, а бројот на загинати е 80, јавуваат медиумите од САД.
Двата пожара што избија речиси истовремено се сметаат за најдеструктивните досега во оваа сојузна држава.
Досега се идентификувани 63 тела на загинати, а пожарот зафати 1.040 квадратни километри.
Најголемиот дел...
Полицаец од конвојот на канадскиот премиер повреден во судир со џип во САД
Полицаец на моторцикл кој бил во придружба на конвојот возила во кој бил канадскиот премиер Џастин Трудо бил повреден денеска во Калифорнија откако удрил во џип. Полицаецот е пренесен во болница со повреди, а Трудо не бил повреден.
Несреќата ја предизвикал џип што нагло свртел лево додека возел пред конвојот.
Несреќата се случила во јужна Калифорнија, кратко откако Трудо ја завршил...
Прва жртва на шумските пожари во Калифорнија
Жена чие што тело е пронајдено на местотот на сообраќајката на пат по кој се вршела евакуација во Јужна Калифорнија е првата потврдена жртва во серијата шумски пожари во оваа сојузна држава на САД.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, прогласи вонредна состојба во Калифорнија поради пожарите во кои изгореа најмалку 500 куќи, а евакуирани се повеќе од 212.000 жители. Се очекува...
При пожарите во Калифорнија загинаа 35 лица, 600 се исчезнати
На северот на сојузната американска држава Калифорнија, 22 пожари досега однесоа 35 животи.
Властите предупредуваат дека бројот би можел да се зголеми затоа што повеќе од 600 лица се водат како исчезнати.
Најмалку 3.500 куќи и компании се уништени во најопасните пожари во историјата на Калифорнија, кои во неделата вечерта избија северно од Сан Франциско.
Сè поголем бројот на загинати во пожарите на северот на Калифорнија
Најмалку 17 лица загинале, а 150 се водат како исчезнати во пожарите што беснеат во северните делови на американската сојузна држава Калифорнија, јавуваат светските медиуми.
Стотици пожарникари се обидуваат да ја стават под контрола огнената стихија во која досега изгореа 1.500 куќи, а десетици илјади лица се евакуирани. Работата на пожарникарите им ја отежнува ветерот, кој на моменти дува со брзина...
Најмалку 10 загинати во пожарите во Калифорнија
Најмалку десет лица загинале во пожарите што од вчера беснеат во американската сојузна држава Калифорнија, соопштиле утрово локалните власти, јавуваат светските агенции.
Повеќе илјади лица биле евакуирани, а поради силниот ветер, пожарот се проширил на 14 места, изјавил на прес-конференција во Сакраменто Кен Пимлот, шеф на службата за заштита на шума.
Пожарите се активни во осум окрузи во Северна Калифорнија, вклучувајќи ги...
Вонредна состојба во Лос Анџелес поради големиот пожар
Поради големиот пожар кој го зафати поголемиот дел на Лос Анџелес, гувернерот на Калифорнија прогласи вонредна состојба.
Околу илјада пожарникари, со стотина противпожарни возила, како и девет специјализирани хеликоптери се вклучени во гаснењето на пожарот, кој досега уништи неколку станбени згради, куќи, а се приближува и до реонот на Бурбенк.
Досега на реонот на Бурбенк се евакуирани повеќе од 300 куќи,...
Бројот на загинати во пожарот во Оукленд можно е да достигне 40 лица
Властите во градот Оукленд, во американската сојузна држава Калифорнија, стравуваат дека бројот на загинати во пожарот што избувна во магацин од зграда за време на забава, би можел да изнесува неколку десетици лица, јавуваат светските медиуми.
Локалните власти веќе ја потврдија смртта на девет лица кои присуствувале на забавата, но оттаму посочиле дека бројот на загинати можно е да достигне 40...
Најмалку девет загинати во пожар во Оукленд, Калифорнија
Најмалку девет лица загинале, а 25 се водат како исчезнати во пожар во градот Оукленд, во американската сојузна држава Калифорнија. Пожарот избувнал во магацин во зграда во кој се одржувала забава, соопштиле денеска од локалната противпожарна служба, додавајќи дека засега сè уште не е позната причината за пожарот.
Пожарот избувнал триесетина минути пред полноќ, според локално време, а од огнот...
Калифорнија воведе состојба на подготвеност поради можен земјотрес
Жителите на Северна Калифорнија се во состојба на подготвеност до вторник поради зголемена можност од силен земјотрес, соопштија официјални лица.
– Такви предупредувања обично се соопштуваат еднаш или двапати годишно - изјави претставник од кабинетот на гувернерот, задолжен за вонредни ситуации.
Експерти предупредуваат дека веројатноста за земјотрес со интензитет од 7 степени или посилен во областа Сан Андреас е еден спрема...
Над 80 илјади лица евакуирани поради огнената стихија во Калифорнија
Стотици пожарникари се борат со шумскиот пожар кој го зафати јужниот дел на американската сојузна држава Калифорнија. Поради огнената стихија, која досега опустошила површина од 12.140 хектари, евакуирани се над 80.000 луѓе, јавуваат светските агенции.
Пожарот, кој избувнал вчера утро северно од градот Сан Бернардино, во подрачјето на планинскиот премин Кахон, досега уништил голем број на објекти, соопштиле претставници...