fbpx

Јанева: Се пријавуваат лица за заштитени сведоци

-

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, во разговор за порталот „Призма“, ги потврдува информациите дека одредени лица се подготвени и сакаат да бидат соработници на правдата, односно заштитени сведоци за содржините што произлегуваат на незаконското прислушување.

„Да, точно е, но во овој момент не можам да зборувам за тоа бидејќи прво треба да ги примиме сите пријави, предмети, да видиме во која фаза се и кои сѐ лица би соработувале со правдата“, вели Јанева за „Призма“.

Таа, во разговорот тврди дека од нејзиниот избор до денеска немала никакви притисоци, интервенции, а ги демантира и информациите што ги објавиjа некои медиуми, за наводна „случајна средба“ со поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, во скопски ресторан.

„Ноќното излегување не е типично за мене. Кој ме познава ќе го потврди тоа. Можете да ме најде во 5 часот наутро како работам или да ме сретнете да пешачам, но никогаш нема да ме видите по полноќ во угостителски објекти. Не го познавам Мијалков и не е точно дека сум се сретнала со него“, вели Јанева.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...