fbpx

Пратениците без дебата ѝ го одобрија буџетот на Јанева

-

Пратениците денеска на пленарна седница ѝ го одобрија буџетот во висина од околу еден милион евра кој ѝ е потребен на специјалната обвинителка, Катица Јанева, за да почне со работа. Министерот за финансии, Зоран Ставрески, кој е предлагач на точката, иако беше присутен на седницата, не даде никакво образложение, ниту, пак, некој од пратениците се пријави за збор.

Иако средствата се одобрени, сè уште е неизвесно дали Јанева денеска ќе почне со работа или ќе чека Советот на јавни обвинители да ѝ ги одобри и другите седум помошници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...